Македоника Литера

Кутриот Дионис

Михај Еминеску

200 ден.

70 стр., 200 х 140 мм, 2025

„Кутриот Дионис“ од жанровски аспект претставува комбинација од фантазија, историска фантазија, филозоф­ска фикција, филозофска лирика, сатира. Ова прозно дело, класифицирано од науката за литературата како роман, новела или роман бајка, е либерална интерпретација на современата германска филозофија и на антички мотиви, третирајќи теми како патување низ времето и реинкар­на­ци­ја низ објективот на посткантовскиот идеализам. Централ­ниот лик, фантастичен научник, се движи низ времето и низ просторот, меѓу својот мизерен дом, своето претходно постоење како монах во Молдавија од 15 век и своето постое­ње на повисоко ниво како небесен Зороастер.

Главниот лик Дионис или Дан, преку употреба на волшебна книга, патува низ времето и низ просторот, со нарушување на природниот поредок на реалноста. Сегаш­носта на Дионис се меша со минатото на Дан, што предиз­викува збунетост кај читателите, но крајот на новелата ја засилува енигмата, ама не ја решава.

Еминеску ја започнува својата приказна за суштината на мислата, замислата и смислата, со размислувања во прво лице за субјективноста, квалитетите, перцепцијата на време­то и на физичкиот свет, кој е „сон на нашата душа“. Нараторот потоа открива дека ова е цитат од аматерскиот метафизичар Дионис. Тој го опишува вториот како неуре­ден, но згоден, млад букурештанец, симнат до дното на сиромаштијата и склон на мечтаење. Тој е сирак, роден вонбрачно од мистериозен аристократ и ќерка на свеште­ник. Иако е страстен езотеричар и читател на свети книги, Дионис најмногу е „суеверен атеист“.

Михај Еминеску (родено име Михаил Еминовичи; 1850 – 1889)...

Прегорување

  Петр Шестак

250 ден.

126 стр., 200 х 140 мм, 2025

Овој краток роман е фрагментарен монолог од курир кој вози велосипед низ градот, доставувајќи храна до оние кои се посреќни и поуспешни од него. Тој е современ работник, извршител на услужни работи, доставувач на нарачки на платформа, а себеси се смета за претприемач. Тој нема шефови над себе, но тиранијата на шефовите е заменета со тиранијата на алгоритмите. Нема шефови, но нема ниту перспектива некогаш да стане шеф. Сè додека може физички...

Живот во гроб

 

 

 

Стратис Миривилис

600 ден.

348 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.

Романот ,,Живот во гроб“, со поднаслов „Книгата на војната“, досега доживеа над педесет изданија на грчки јазик, преведен е на многу јазици и е најиздаваниот, најпопуларниот и најчитаниот роман во грчката литература.

Напишан е во форма на писма, испраќани до саканата девојка од фронтот во близина на Битола, на падините под Пелистер за време на Првата светска војна. Изобилува со прекрасни...

Монтана

 Александру Попеску

400 ден.

 

196 стр., 200 х 140 мм, 2025 г.

 Романот „Монтана“ е првото книжевно дело на молдавскиот писател Александру Попеску (1987). Во молдавските и романските книжевни кругови романот е оценет како брилијантно дебитантско дело. „Монтана“ го отсликува егзистенцијалното патување на едно дете од Приднестровје кон западниот свет, условено од политичката реалност во регионот.

Книгата е директна фреска од објективот на општествениот...

Кордината тупаница

Леонтин Чапо Милениќ

400 ден.

188 стр., 200 х 140 мм, 2026 г.

Овој необичен младешки, забавен и откачен, но и храбар роман, не му припаѓа на ниеден конкретен жанр и на ниедна класична книжевна класификација. Леонтин Чапо Милениќ романот го напишан кога имал 18 години и во него сатирично пишува за современиот свет, за расните, националните и воените конфликти, за криминалот и алкохолизмот. Главниот лик е еден вид антихерој кој не се грижи за правилата на учтиво однесување, има проблеми со...