Македоника Литера

Среќата на волкот

Паоло Коњети

250 ден.

Обем: 152 стр., формат: 200 х 140, 2022

Авторот на романот „Осум планини“ (преведен на 40 јазици и продадени на еден милион примероци) во овој роман создава љубовна приказна чии деликатни дејства се надополнуваат со живописните пејзажи на италијанските Алпи. Групата главни ликови, кои постојано се бараат себеси, се како глутница волци кои бараат блаженство додека се наоѓаат на пресвртница во своите животи откако го напуштиле градот (Милано) и заминале во едно високо алпско село сместено во дивите и фасцинантни предели. Во „Среќата на волкот“ Коњети ги истражува човечките односи, нивните пукнатини, празнини и недостатоци преку постојан дијалог меѓу човекот и природата. Оваа проза е како медитација за планината и за љубовта.

Префрлувајќи го погледот од надежите и соништата на младоста кон противречностите на зрелоста, Коњети оформува извонредна група ликови кои постојано се бараат себеси: Фаусто, Силвија, Санторзо, Бабет. Во оваа прекрасна проза Паоло Коњети за своите јунаци го гради светот на малото планинско село Фонтана Фреда. Оваа проза е како медитација за планината и за љубовта.

Романот на италијански јазик е објавен во октомври 2021 година, но истовремено со подготовка за печатење на италијанското издание, правата за преведување веќе беа продадени во 16 земји, односно две недели од публикувањето – во 20 земји. Само неколку дена по италијанското издание романот веќе беше објавен во Франција, Германија, Холандија, Шпанија, вклучувајќи го и каталонското издание. Во некои земји е публикуван со насловот „Љубовници“. До ова, македонско, издание, правата за превод и публикување на романот беа продадени во 27 земји.  Овие податоци најдобро говорат за...

Павел, душо моја

Алексеј Варламов

400 ден.

320 стр., 200 х 140 мм, 2022

Павел Непомилуев е седумнаесетгодишен, наивен, искрен, мечтателен младич, израснат во советски дух кој искрено верува во идеите на социјализмот. Израснат во затворен стратешки град некаде во Сибир, Павел доаѓа во Москва за да се запише на филолошкиот факултет иако е целосно нефилолошки по карактер и по менталитет. Знаењето за упис не е доволно, но со интервенција на некои сили тој успева да се запише на саканиот факултет. Но наместо на...

Водата во езерото никогаш не е слатка

 Џулија Каминито
 
400 ден
Обем: 270 стр., формат: 200 х 140 мм, корица: мека, година: 2022
 
 Финалист на наградата „Стрега“

Награда „Стрега оф“

Награда „Кампиело“
 
Џулија Каминито во „Водата во езерото никогаш не е слатка“ ја раскажува приказната за една непријатна реалност, невидлива за многу современи писатели, но којашто удира без удари. Гаја и нејзиното семејство живеат во сиромаштија, се чувствуваат како да пловат во најматната вода, без надеж за бегство или подобрување на...

Црвена вода

Јурица Павичиќ

 

400 ден.

320 стр., 200 х 140 мм, 2023

Романот „Црвена вода“ доби две високи книжевни награди во Хрватска и дури шест награди во Франција.

Во „Црвена вода“ е раскажана приказна за исчезнувањето на седумнаесетгодишно девојче кое го снемува во една септемврис­ка сабота во 1989 година по рибарскиот фестивал во мало гратче на далматинскиот брег. Полициската потрага не дава резултати, а околните политички настани – падот на систем, општествените промени и војната – го засенуваат...

Оган во снегот

 

Лука Вукушиќ

250 ден.

158 стр,, 200 х 140 мм, 2023 г.

 

За книгата со раскази „Оган во снегот“ Лука Вукушиќ ја доби наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за 2018 година за најдобра дебитантска авторска книга во 2017 година.

Расказите во збирката претставуваат еден вид впечатоци, кратки слики извлечени од сеќавањето или секојдневниот живот, често обоени со тага или носталгија, чувство на осаменост, но и топлина на малите животни радости и убавина што може да се види во...