Македоника Литера

Оган во снегот

 

Лука Вукушиќ

250 ден.

158 стр,, 200 х 140 мм, 2023 г.

 

За книгата со раскази „Оган во снегот“ Лука Вукушиќ ја доби наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за 2018 година за најдобра дебитантска авторска книга во 2017 година.

Расказите во збирката претставуваат еден вид впечатоци, кратки слики извлечени од сеќавањето или секојдневниот живот, често обоени со тага или носталгија, чувство на осаменост, но и топлина на малите животни радости и убавина што може да се види во обичните работи. Не обидувајќи се да го шокира или забавува читателот со неочекувани ликови или заплет, ова е збирка со тивки, медитативни приказни, често со лирска атмосфера.

Во образложението за наградата „Славиќ“ пишува: „Прозните остварувања на Вукушиќ во повеќето оформени структури ѝ припаѓаат на формата на расказ... Меѓутоа, во некои делови од прозата се исполнети со префинет лиризам, така што речиси наликуваат на формата на песна во проза... Искуствата земени од секојдневниот живот кај авторот будат различни, често спротивставени визии, понекогаш корозија на човештвото, понекогаш чувство на минливост и смртност или во други примери пролетната експлозија на енергија и виталност... Иако многу од прозните текстови изгледаат како случајни записи во приватен дневник, тие се богати со внатрешен, длабоко личен одраз на чувствителен набљудувач и се полни со наративно ткиво во кое се одвива чувствителното филтрирање на душата на надво­решната појавност.“