Македоника Литера

Александар Македонски. Историски роман

Јана Јазова

700 ден.

392 стр., 200 х 140 мм, 2026

Биографијата на македонскиот цар со светска слава за сите времиња – Александар Македонски била уметнички предизвик за неколкумина познати писатели во светот, но евидентно е дека романот „Александар Македонски“ на бугарската писателка Јана Јазова е исклучително белетристичко и историско дело.

„Александар Македонски“ е историски роман кој само се потпира врз историските податоци, но е изведен со една неверојатна леснотија во градењето на приказната и е создадено особено занимливо четиво. На маестрален начин големата бугарска писателка ја раскажала историјата на најпознатиот македонски цар и најголемиот војсководец на сите времиња. Таа изградила комплексна структура на делото со која се зафатени сите значајни аспекти на неговото време, на неговиот живот, на неговиот поход и воопшто на неговата немирна природа. Многу суптилно го прикажува ликот на Александар, во сите негови манифестации – од детството и од неговите нежни чувства и изливи и харизмата – до суровите, крвави и ужасни постапки во многуте драматични настани во неговиот кус живот. Во приказната е вткаена историјата на тогашниот свет, на тогашната цивилизација – на Македонија, Елада, Египет, Персија, Индија... па сè до границите на светот кон кои се стремел големиот воин, освојувач и космополит. Но пред сè, ова е исклучително значајно дело за македонската античка историја!

Делата од доживотно забранетата и заборавена бугарска писателка почнуваат последователно да се објавуваат дури кон крајот на минатиот век (по 1987 година), а излегувањето на романот „Александар Македонски“ во 2002 година (набргу по пронаоѓањето на машинописот), наиде на...

Раѓање

Новели

Алексеј Варламов

300 ден.

176 стр., 200 х 140 мм, 2026

Награда „Антибукер’

Награда „Октомври“

Дали воопшто може со зборови да се опише големата мистерија на раѓањето?

Алексеј Варламов токму тоа го прави, и тоа толку суштински, искрено, уверливо, длабоко и трогателно.

Впечатливо и со единствени метафори ни ја раскажува вечната приказна за раѓањето, за новиот и чист живот кој со своето доаѓање на овој свет секогаш носи светлина, нови надежи, желби, но и грижи и стравови во срцата...

Приземна Америка

 прв дел

Иљја Иљф и Еевгениј Петров

400 ден.

234 стр., 200 х 140 мм, 2026

Иљф и Петров заедно напишале романи, патописи, сценарија, есеи, водвиљи..., а едно од најпопуларните дела на овој тандем е оваа патописна книга. „Приземна Америка“ е оценет како маестрален патопис и како патопис за сите времиња. Тоа е патопис од нивното заедничко патување по Соединетите Американски Држави во 1935 година. Патувајќи како официјални советски писатели во Соединетите Американски Држави во времето на...

Рокашкото Кралство

Матко Сршен

500 ден.

 200 х 140 мм, 254 стр., 2026

 Рокашкото Кралство е детска држава основана од малите жители на квартот Иза Рока во Стариот Град на Дубровник во средината на 1950-тите. Жителите на тоа кралство од фантазиите се само деца постојано желни за игра. Стариот Град и неговите ѕидини се совршена сцена за нивната деноноќна претстава, но и за нивната причина за постоење.

  „Рокашкото Кралство“, сепак, не е...