Македоника Литера

Броеница

Тамта Мелашвили

150 ден.

96 стр. / 150 ден.

Прочитај извадок

   Романот „Броеница“ од Тамта Мелашвили изразува протест против секоја војна, каде и да се води. Тамта Мелашвили во својот роман успева без експлозии и истрели, сурово и како гола вистина да го претстави најсуровиот лик – војната. Таа раскажува за болката со болка, за нежноста со нежност, за стравот со детскиот страв и доловува еден руиниран и расплакан живот полн со болка и страдање, но ги доловува и детската итрина и храброст.
   Оваа згусната и преполна со емоции проза на Тамта Мелашвили, која е сведена само на стотина страници, покажува дека за впечатлива приказна не се потребни големи фабули, заплети и многу ликови. Раскажувањето во „Броеница“ е сведено на најпотребното и се одвива преку дијалогот на две тринаесетгодишни девојчиња, Нинцо и Кнапа (чиешто вистинско име е Кетевана) кои се неразделни другарки. Тие живеат во зафрлено грузиско село и нивниот тинејџерски свет и будењето на женственоста се соочени со слепата суровост на војната. Нивните дијалози се карактеризираат со директност и вистина, длабочина, наивност и со детска искреност, а преку нив се разоткриваат тешките депресивни и драматични слики на војната, но и целата нејзина трагичност и бесмисленост.

За тоа ли беше сè?

Евтим Евтимов

 150 ден.

 220 стр. /A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

    Романот „За тоа ли беше сè“ од познатиот бугарски писател Евтим Евтимове напишан со современ стилски израз и со вешто изведена структура. Во основа е политички роман, но тој, пред сè, е постмодерно егзистен­ци­јален, во кој на еден суптилен начин авторот говори за човечката судбина, за страдањата на човекот поради политичките парадокси. 

   Дејството е сместено во бугарскиот политички контекст по Втората...

Теорија на чудноста

  Павла Хоракова

400 ден.

302 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020 г.

Прочитај извадок

  Награда „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.

   Романот „Teорија на чудноста" претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот. Во него опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а...

Гордиот Дабидеш

Ирена Доускова

 200 ден.

150 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

   „Гордиот Дабидеш“ е едно од најпознатите чешки прозни дела на 21 век, извонредно успешен и познат бестселер со повеќе изданија на чешки јазик и е преведен на петнаесетина јазици. Неговата сценска адаптација долго време се изведува во чешките театри и често е прикажувана на чешката телевизија.
„Гордиот Дабидеш“ е најуспешната...

Tивко рушење

Ивица Пртењача

150 ден.

134 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

  Романот „Тивко рушење“ претставува тематско и мотивско продолжение на неговиот награден роман „Брдо“.

  Во „Тивко рушење“ авторот повторно се качува на „брдо“, но овојпат тоа се наоѓа во еден трошен стан во една загрепска улица. Главниот јунак, молер со диплома професор по литература, со својот помошник треба да ги истружат ѕидовите на еден стан и повторно да ги обојат. Се чини дека тоа е работа по негова мерка...