Македоника Литера

Мелница за мумии

   Петр Станчик

   300 мкд

   294 стр., A5 формат (200 x 140), 2018

    Книгата е наградена со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2015 година.

   Романот е означен како „мистичен гастрономско-порнографски трилер“ и тој всушност е пародија, гротеска, хумор, иронија, алузија, историја, психологија, културологија, еротика, порнографија... Но е и роман што им припаѓа на повеќе жанрови: историски, магичен реализам, фантастичен, детективски трилер... Оценет е како брилијантен, фин лингвистички дијамант, ремек-дело.

   Дејството во „Мелница за мумии“ се одвива во 1866 година. Додека во Европа се подготвува војна меѓу Австрија и Прусија, во Чешка почнува да беснее првиот чешки сериски убиец. Главниот херој, комесарот Дурман од прашката полиција, го дели своето време меѓу истражувањето на бизарните убиства, кулинарските експерименти, романтичната љубов спрема госпоѓицата Хедбавна и водењето љубов во јавните куќи.     

    Дејството тече во храдчанските катакомби, на блескавите булевари на Париз, во тајните гробници во утробите на мексиканските пирамиди и на крвавите бојни полиња кај Храдец Кралове. Поплочено со загадочно искасапени мртовци, дејството на крајот има изненадувачкиот пресврт.

     Во мракот на новогодишната ноќ 1866 година полицискиот комесар Дурман нагазува труп. Тоа е почетокот на серијата убиства, а секое од нив се извршува на денот кога се чествува одреден светец и слично на начинот на којшто загинал тој. Но зафаќајќи се со истрагите, Дурман ужива во сјајот, сласта и гастрономијата на тогашната Прага. Тој е...

Бегалски мозаик

 Ен Мајклс

 250 мкд

 233 стр. /A5 формат (200 x 140), 2018

    „Бегалски мозаик“ е најпознатото дело на Ен Мајклс. Наградено е со дури 12 високи книжевни награди. Според овој роман, во 2007 година, е снимен игран филм во режија на Џереми Подесва, а главните улоги ги толкуваат Стивен Дилејн (Јакоб) и Раде Шербеџија (Атос). Шербеџија ја доби наградата за најдобар актер на Римскиот филмски фестивал за улогата на Атос. 

...

Писателот оддалеку

 Владан Матијевиќ

 200 мкд

 233 стр. /A5 формат (200 x 140), 2017

     Награда „НИН“

    „Писателот оддалеку“ е пародичен, ироничен, зајадлив, сурово реалистичен роман.

    Во него авторот си поигрува со романескните конвенции, се нотсмева со писателот кој пишува роман за да ја добие наградата за роман на српската фабрика за шеќер. Но се поигрува и со постмодерните дискурси на раскажување. Тоа е приказна за писателот шарлатан кој се бори да се прослави како писател, а тоа исмевање всушност...

Осум планини

 Паоло Коњети

 300 мкд

 200 стр. / A5 формат (200 x 140), 2019

 Прочитај извадок

     „Осум планини“ е добитник на наградата „Стрега“ за 2017 година, преведен е на 39 јазици и досега е веќе продаден во повеќе од еден милион примероци во светот – најмногу во Италија во близу 400.000, во Холандија над 200.000, а во Франција и во Германија над сто илјади примероци.

    Освен наградата „Стрега“ доби уште шест високи книжевни награди во Италија и...

Исушено блато

  Јанко Полиќ Камов

  300 мкд

  331 стр. /A5 формат (200x140)

     Јанко Полиќ Камов е хрватски писател. Декадент, егоцентрик, чудна и контроверзна личност, апокалиптичен поет, прв хрватски поет на асфалтот. Најнеобичната фигура во новата хрватска литература, авангардист пред да настапи хрватската книжевна авангарда. Неприфатен и несфатен во своето време, забрануван.

     

Ја оспорува...