Срѓан Валјаревиќ
200 мкд
194 стр./ A5 формат (200 x 140)
„Дневник на друга зима“ (2005) на Срѓан Валјаревиќ беше вклучен во десетте најдобри романи во југоисточна Европа во 2006 година, а доби и неколку книжевни награди во Србија.
Валјаревиќ има необична животна приказна. Во ова дело пишува за секој свој чекор на повторното раѓање и проодување по тешка болест, од која станува неподвижен. Главното дејство во романот е одењето. Поточно повторното проодување. Оваа проза е дневник за радоста на секој таков чекор и за смислата на животот и за радостите од малите нешта во него: одењето, жените и фудбалот.