Македоника Литера

СУДБИНА

Луис Коуперус

200 мкд.

150 стр./ A5 формат (200 x 140), 2017

Прочитај извадок

      Романот „Судбина“ (1890) е роман за пријателството, но и за фатализмот. Приказната се однесува на двајцата пријатели – Франк Вестхофе и Роберт ван Маерен. Кога една зимска ноќ Ван Маерен се наоѓа во Лондон и скита по улиците без скршена пара во џебот, неговиот стар пријател Франк великодушно му ја отвора вратата на својот дом и штедро дели сѐ со него.

   И покрај дијаметралните разлики меѓу нив, двајцата некое време живеат живот на богати ергени, поминувајќи ги деновите во уживање во луксуз и во безделничење. Но, еден ден Франк се заљубува во Ева по што Ван Маерен не бира средства за да ги раздели и притоа да си ја заштити угодната положба...

     По објавувањето, „бруталноста и морбидноста“ на романот предизвикуваат контроверзи и незадоволство, пред сѐ кај религиозниот печат во Холандија. Сепак, меѓу импресионираните од овој роман бил и Оскар Вајлд, што резултирало со спријателување на двајцата писатели.

     Денес „Судбина“ се смета за едно од најзначајните класични дела на холандската литература.

     Луис Мари-Ан Коуперус (1863 – 1923) е една од најистакнатите фигури на холандската литература, клучен претставник на симболизмот. Во 1923 година е добитник на престижната награда „Толенс“, која се доделувала на секои пет години за опус со највисока книжевна вредност. Во своето време бил водечки холандски романописец и единствениот чиишто дела уште тогаш биле преведени на англиски, француски и на германски јазик.

     Превод од англиски јазик: Дарко Цветаноски

      Нарачај

ИСЧЕЗНУВАЊЕ

Петра Соукупова

300 мкд.

329 стр./ A5 формат (200 x 140), 2017

      Чешки бестселер, кој во 2010 година беше прогласен за книга на годината во Чешка, освојувајќи ја најпрестижната чешка награда „Магнезија литера“.

      Интимните семејни или партнерски односи кои се доловуваат несентиментално и нетрадиционално, се карактеристични за Петра Соукупова (1982).

      И во „Исчезнување“ главната тема се семејните односи...

Што сакаш од мене, љубов?

Мануел Ривас

200 мкд

132 стр./ A5 формат (200 x 140), 2017

    Национална награда на Шпанија за литература, 1996

    Награда „Баљестер“, 1996

     Што му треба повеќе на еден човек од еден коњ, револвер и жена со име на цвеќе за да се почувствува цар – пишува Ривас, и само со една реченица како да ја опишува целата книга – еден свет од болка и љубов, видени со поглед чист како на дете а ексцентричен како на поет.

 ...

Матис

Александар Иличевски

250 мкд

302 стр., формат: 200 x 140 мм

Награда „Руски Букер“ за 2007 година 

     

     Роман со густа симболика и величествени слики; со поетичен јазик, необични метафори и смели ликови.

      Главниот херој – физичарот Королјев, преживувајќи криза на идентитетот, решава да го промени својот живот и да живее како бездомник, со надеж дека ќе успее да се пронајде себеси, внатрешната слобода и одговорите на безбројните прашања што го измачуваат: Кој е тој? Дали е мртов...

Одеднаш, тропање на вратата

Етгар Керет

200 мкд.

174 стр./ A5 формат (200 x 140), 2017

      „Одеднаш, тропање на вратата“ (2010) е меѓу најпознатите дела на Керет кое ги потврдува неговата бескрајна инге­ниоз­ност и луцидност. Книгата почнува со расказ во кој човек упаѓа во домот на писателот и бара да му раскаже приказна, бидејќи вистинскиот свет го истоштува и му е потребно нешто поинакво. Познатата монотонија и возбудливото „нешто поинакво“ се појавуваат во многу раскази: фантазијата ја презема контролата и се...