Петра Соукупова
300 мкд.
329 стр./ A5 формат (200x140)
Чешки бестселер, кој во 2010 година беше прогласен за книга на годината во Чешка, освојувајќи ја најпрестижната чешка награда „Магнезија литера“.
Интимните семејни или партнерски односи кои се доловуваат несентиментално и нетрадиционално, се карактеристични за Петра Соукупова (1982).
И во „Исчезнување“ главната тема се семејните односи. Авторката избрала стилизација на детски јунак. Во првите два текста децата се раскажувачи на приказната, во третиот дел, иако раскажува возрасна жена, сепак тежиштето е на нејзините спомени од детството. Во сите три приказни главните ликови се борат со семејни трауми што ги оддалечуваат од своите блиски и си го бараат идентитетот и местото во семејството.
Исчезнување“ е типичен постмодернистички роман. Таканаречен „триделен“ роман – три романи во еден роман. Трите приказни имаат иста тема, исти мотиви, исти идеи – бегање од семејството поради проблеми со родителите и со роднините. Првите две приказни дури и се спојуваат во една точка – мајката од вториот дел гледа на телевизија изјава од мајката на момчето кое во првиот дел ќе замине од дома, односно ќе исчезне, па го бараат насекаде. И третиот дел е, исто така, со тема за бегање (оддалечување) на една девојка од семејството (развод, вонбрачни врски, непознато татковство, две деца од различни татковци – девојката не знае кој ѝ е биолошкиот татко, дали првиот или вториот сопруг на мајката итн.). Повеќето приказни го прават романот повеќеслоен, динамичен и впечатлив.
Петра Соукупова (1982) е една од најуспешните современи чешки писателки од помладата генерација. Дипломирала сценаристика и драматургија на Факултетот за филм и телевизија (ФАМУ) во Прага. Досега издала четири книги за возрасни и една книга за деца и е добитник на повеќе книжевни награди. Живее и работи во Прага.
За своето прозно деби „На море“ ја добила наградата „Јиржи Ортен“ и била номинирана за наградите „Јозеф Шкворецки“ и „Магнезија литера“. Романот „Под снегот“, од издавањето во март 2015 г. до крајот на годината, стана најпродаваната книга на книжарниците „Космас“ за 2015 година.
Според романот „Исчезнување“ оваа (2017) година се снима филмот „Кратко“, по сценарио на Петра Соукупова.
„Исчезнување“„Исчезнување“ е прва книга на Соукупова објавена на македонски јазик.