Јан Балабан
200 ден.
160 стр. / A5 формат (200x140)
Романот е награден со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2011 и со Книга на годината во Чешка, 2011 година.
Романот е речиси автобиографски и речиси пророклив. Кога авторот го завршува пишувањето на романот, завршува и неговиот живот. Раскажувањето е потрага и самопотрага, за времето што поминало и за иднината што ја претчувствува... Мачниот и депресивен тон во раскажувањето е само привиден, зашто овде се открива нишката која ги
менува односот и сознанието за суштината на животот. Балабан пишува со смирен и раскошен поетски јазик.
Д-р Јан Недома по смртта остава три возрасни деца и седумдесетгодишна вдовица. Децата
се обидуваат да се справат со личните проблеми и со тажното секојдневје по татковата смрт.
Набргу почнуваат да примаат чудни писма од стариот пријател на татко им, тврдејќи дека
Јан Недома бил злосторник, зашто си дозволил да изигрува бог, решавајќи по своја волја кои
пациенти да имаат право на живот и кои не. Овие вознемирувачки писма и чудните соништа
ги наведуваат да се присетат на настани од детството и да ги преиспитаат. Така, на површина
ќе излезе дека духот на ерата на комунистичкиот режим во Чешка е сè уште присутен...