Фредерик ван Еден
150 мкд.
144 стр. / A5 формат (200x140)
„Малиот Јоханес“ (1887) е психолошки и фантастичен роман – авантура за едно обично момче кое ги спознава суровите реалности на животот, како и празните надежи за подобар живот по смртта, но коешто на крајот наоѓа смисла во помагањето на сите околу себе. Приказната изобилува со силна алегорија и симболика.
Иако се потпира на детската фантазија и, како што самиот Ван Еден пишува „во голем дел е како бајка“, „Малиот Јоханес“, не е ниту бајка, ниту книга за деца. Романот има три дела, а „Македоника литера“ го објави првиот дел.
Овој роман е најпознато дело на Ван Еден и едно од најпознатите дела на сите времиња на холандската книжевност.
Фредерик Вилем ван Еден (1860 – 1932) бил холандски писател и психијатар. Бил еден од главните претставници на младото книжевно движење во осумдесеттите години на 19 век, и еден од уредниците на познатото списание „Нов водич“. Додека студирал медицина во Амстердам, водел боемски живот и пишувал поезија. Уште тогаш бил првиот кој во науката го вовел терминот „луцидно сонување“, што станува класична тема во соновната книжевност.
По завршувањето на студиите станал плоден писател, напишал повеќе романи, стихозбирки, драми и есеи кои лесно ја придобиле критиката. Своевремено бил еден од најценетите писатели во Холандија, како и прв меѓународно познат холандски психијатар.
Главната тема која е присутна во делата на Ван Еден е сумирана во една реченица во „Малиот Јоханес“: „Таму каде што се луѓето, и нивната мака, таму е мојот пат“. Ваквата етика Ван Еден се стремел да ја вметне и во своето пишување и во својата практика. Бил познаник на Фројд, чиешто учење прв го промовирал во Холандија, а се допишувал со Херман Хесе.
Негови најпознати дела се романите „Малиот Јоханес“ и „На студените езера на смртта“.