Македоника Литера

Сспунот на Леополд Блум

 

Нора Југа

250 мкд

236 стр./ A5 формат (200x140)

       „Сапунот на Леополд Блум“ е комплексен роман во кој се мешаат жанрови. Тој е своевиден стилски експеримент со длабока оригиналност, со што пак не е жртвувана приказната. Во раскажувањето често се губи границата меѓу реалното и надреалното, лирското и фактографското раскажување.           

       Како и во неколку други дела на Нора Југа, и ова говори за еротизмот, осаменоста и староста, за сеќавањето и драмите, и последно, но не и најмалку важно, за радоста на пишувањето. Тој нуди слатко-горчлива мешавина на носталгија и хумор, нежност и фрустрација, искреност и преправање се сите состојки кои секогаш го дополнуваат задоволството од читањето на оваа писателка.

       Сметан е за антироман, со антијунак, поточно со преземениот антијунак на Џемс Џојс преку кого „дејствува“ авторката во романските ситуации. „Овој ’Сапун на Леополд Блум‘, дојден од прозата на Џојс, лизгав, без цврста форма, но со мирис, како и самиот роман, образува симболичен елемент, кој спојува сè што е измешано во текстот на Нора Југа. Овој текст е автентичен, педантен и наместа со малку идеологија (дијалогот меѓу поетесата и писателот во кој не е јасен односот на двајцата, повеќе значи игра на идеи), реалистичен, но и со навлегувања во мистичен надреализам, производ на претеран нецензуриран сензибилитет, со крај во еден нејасен егзистенцијализам.“ (Ана-Марија Попеску, Културен опсерваториум, јуни 2007)

Во темнината

  Ана Болава

  250 мкд.

  228 стр./ A5 формат (200x140)

 

      „Во темнината“ е наградена со највисоката книжевна награда во Чешка „Магнезија литера“ за проза за 2016 година. Романот е лелеава приказна за билките.

    Во него е раскажана приказна за осамена и болна жена која цел живот е зависна од собирање лековити билки. Најголемиот дел од својот живот таа го посветува на собирање, сушење и продажба на билки. Собирањето, сушењето и испораката на лековити растенија за главната хероина е...

Само дојди си дома

  Андреј Е. Скубиц

  250 мкд.

  238 стр./ A5 формат (200x140)

 

       „Само дојди си дома“ (2014), кој е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „Кресник“ за 2015 година, опфаќа многу актуелна и претходно необработена тема во словенечката книжевност: политичките тајкуни и корупцијата.

      Во вителот од настани, кои може истовремено да се читаат како крими-фикција и како драма, критиката препознава и референтни точки од...

Прашај го тато

 

Јан Балабан

200 ден.

160 стр. / A5 формат (200x140)

 

    Романот е награден со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2011 и со Книга на годината во Чешка, 2011 година.

    Романот е речиси автобиографски и речиси пророклив. Кога авторот го завршува пишувањето на романот, завршува и неговиот живот. Раскажувањето е потрага и самопотрага, за времето што поминало...

Мостот на небесата

Ш. И. Хсиунг

300 мкд.

332 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

      Романот е социјален, духовит и сатиричен, базиран на реални и вистински историски настани. На извонреден, ненаметлив и мајсторски начин, авторот го запознава странскиот читател со кинеската култура, обичаите, традицијата и општествените настани во периодот од крајот на 19 и почетокот на 20 век, во бурните и драматични настани по кои Кина од царство станува република.

      Ш. И. Хсиунг е кинески писател...