Македоника Литера

12 жени. Гласови

Антологија на јужнословенска женска проза
(Избор: Весна Мојсова Чепишевска)


200 мкд

254 стр./ формат 170 x 120

      Антологиски избор на нова проза од јужнословенските авторки: Јадранка Владова, Елена Алексиева, Здравка Ефтимова, Мирјана Новаковиќ, Звонка Газивода, Драгана Кршенковиќ Брковиќ, Јасмина Мусабеговиќ, Фадила Нура Хавер, Лидија Вукчевиќ, Јулијана Матановиќ, Татјана Громача и Мојца Кумердеј.

Правек и другите времиња

Олга Токарчук

300 мкд

330 стр./формат 120 x 170 мм

      Нестандардно напишан, но извонреден роман. Ги има добиено сите можни книжевни награди во Полска, меѓу кои и најпрестижната награда за литература во Полска – Нике '97 (награда на читателите). Награден е и со Златно перо за превод.

      Правек се нарекува имагинарниот свет што го има создадено Олга Токарчук во својот роман. Тоа е едно просечно полско село, но во...

Добро е, убаво е

Ивица Пртењача

150 ден.

134 стр., 200 х 140 мм, 2009


      Роман со современа приказна за меланхолијата, депресијата и осаменоста, но пред сё за љубовта, па и за сексот. Во неа главните координати се младиот писател, една книжарница, еден секогаш празен стан, млада сосетка, средношколка, смс-пораки, дежурство зад шпионката... Меѓу тие координати авторот го создава светот на  главниот лик – осаменик и фантазер, соочен со меланхолијата и копнежите за доброто и убавото... 

Московијада

 Јуриј Андрухович

 100 мкд

 162 стр., 200 х 140 мм, 2009

      Постмодернистичка проза, роман на стравот, ужасот и хаосот. Роман за залезот на Советскиот Сојуз и за разнобојното подземје на московскиот режим.

      Жестока транзициона гротеска, за смртта на поединецот, за обезвреднувањето на човечноста, за чувството на националната загубеност и преиспитувањето на идентитетот.

      Нарачај

Тројца за никаде

Ива Херцикова, Халина Павловска, Михал Вивег

 

150 ден. 

 228 стр./ формат 120 х 170

     Роман за триаголниците. Овој необичен и интересен роман на популарните чешки автори е еден од најчитаните романи во Чешка во последниве неколку години.

Секој од тројцата автори посебно пишува „во името“ на својот лик, а кога почнале да пишуваат однапред ги знаел само имињата, годините, професијата на ликовите и состојбата „на својот херој“. Херцигова, Вивег и Павловска една година наизменично своите...