Македоника Литера

Здивена

 Марина Шур Пухловски

200 мкд.

198 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

 

    „Здивена“ е роман кој ја разјаснува разликата меѓу заљубеноста и љубовта, односно е антиљубовен роман. Во него е раскажана приказна за „животот кој минува низ прстите“ и за љубовта во време на скудност и за времето без љубов.

   Пишуван во јас-форма, како интимна исповед и со прецизна нарација, овој роман покажува дека вљубеноста, таа состојба на првобитна маѓепсаност, е состојба далеку од љубовта, па дури и нејзина негација. 
Дејството е сместено во седумдесеттите години на минатиот век, а главната хероина, со потекло од осиромашено семејство се заљубува во колега од факултетот, затрескана во неговата разбушавеност и уметнички сензибилитет... Но тоа што на почетокот изгледало идилично, набргу се претворило во мора...

   

      За да се ослободи од неа, мора да се ослободи од „затворот“ во кој ја турнале семејството, околината, традицијата, бајките... Мора да подиви. Мора да спасува други за да се спаси себеси.

    Пишуван со долги, јасни и прецизни реченици, со јасно профилирани ликови и со исклучителна смисла за деталот, романот е дело кое потресната драма за меѓучовечките односи ја трансформира во врвна јазична уметност.

 Марина Шур Пухловски (1948, Загреб) завршила компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб. Во младоста се занимавала со новинарство и со книжевна критика, а потоа исклучиво со уметничка проза. Пишува романи, раскази, патописи, песни во проза, есеи, дневничка проза. Автор е на дваесетина книги.

  Нарачај