Македоника Литера

Броеница

Тамта Мелашвили

150 ден.

96 стр. / 150 ден.

Прочитај извадок

   Романот „Броеница“ од Тамта Мелашвили изразува протест против секоја војна, каде и да се води. Тамта Мелашвили во својот роман успева без експлозии и истрели, сурово и како гола вистина да го претстави најсуровиот лик – војната. Таа раскажува за болката со болка, за нежноста со нежност, за стравот со детскиот страв и доловува еден руиниран и расплакан живот полн со болка и страдање, но ги доловува и детската итрина и храброст.
   Оваа згусната и преполна со емоции проза на Тамта Мелашвили, која е сведена само на стотина страници, покажува дека за впечатлива приказна не се потребни големи фабули, заплети и многу ликови. Раскажувањето во „Броеница“ е сведено на најпотребното и се одвива преку дијалогот на две тринаесетгодишни девојчиња, Нинцо и Кнапа (чиешто вистинско име е Кетевана) кои се неразделни другарки. Тие живеат во зафрлено грузиско село и нивниот тинејџерски свет и будењето на женственоста се соочени со слепата суровост на војната. Нивните дијалози се карактеризираат со директност и вистина, длабочина, наивност и со детска искреност, а преку нив се разоткриваат тешките депресивни и драматични слики на војната, но и целата нејзина трагичност и бесмисленост.