Македоника Литера

Blue moon

 

  Дамир Каракаш

  BLUE MOON

  150 мкд.

  120 стр./ A5 формат (200x140)

  Прочитај извадок

     Романот на хрватскиот писател Дамир Каракаш „Blue moon“ претставува предвоен роман од повоената хрватска книжевност. Авторот следи еден фанатичен рокер, пропаднат загрепски студент од провинција, на самиот крај на осумдесеттите години на дваесеттиот век.

   

Во својата егзистенцијална изгубеност се соочува со најавата за војна која ја слуша на улица или во семејните разговори. Се соочува со судир на младешката супкултура и трауматичното семејно наследство. Во романот се прави спој на интимната и општествената атмосфера и уверливо се чувствува сликата на автентичната предвоена мачнина. Романот претставува слоевито збогување на јунакот со една младост и со едно време на безгрижност и студентска слобода и влегување во „светот на возрасните“, односно во сериозната доба во животот.

     Приказната за главниот лик Чарли се однесува на период од неколку месеци – откако тој првпат ќе ја види девојката од своите соништа до моментот кога нејзината бременост е напредната а идниот избезумен татко од прозорецот гледа како минува камион полн со мртви тела. Во приказната има епизоди од детството на главниот лик, кои всушност се случуваат во Лика – родниот крај на нетипичниот хрватски писател Дамир Каракаш. Романот се потпира на сопственото искуство на писателот, но не е автобиографски.

   Нарачај