Македоника Литера

Црвената соба

Аугуст Стриндберг

300 мкд

282 стр., 200 х 140 мм, 2014

      Романот „Црвената соба“ (1879) е именуван според ресторанот во кој Стриндберг често се среќавал со своите пријатели новинари и уметници. Главниот лик е Арвид Фалк. Барајќи работа во Стокхолм, среќава алчни прекупци, мрзливи аристократски жени, лицемерни свештеници, недоделкани парламентарни пратеници и цинични издавачи.

      Најдобро се чувствува надвор од градот заедно со другарите во „Црвената соба“, кои се исто така во постојана беспарица. Во ова дело на Стриндберг, кое се смета за прв модерен шведски роман, доминира слика на гнило општество – на едно „ткиво од лаги“: општество во кое моќта на парите е тотална, а насекаде се присутни деловните измами и гнилежот на корупцијата. Темпото во романот е брзо, јазикот е силен и богат, сатирата остра и разорна. „Црвената соба“ е рапсо­ди­чен, а има и црти на хумористичниот роман. Некои поглавја се врвни сатирични текстови. Кога првпат бил објавен, рецензентите го оцениле како „одвратен и дрзок“, пишувале за скандал-роман.

     Превод од шведски јазик: Ивица Челиковиќ

      Нарачај

Нејзинија

Шарлот Перкинс Гилман

250 мкд

182 стр., 200 х 140 мм, 2014

Прочитај извадок

      Нејзинија e утописки роман во кој е опишано изолирано општество во кое живеат исклучиво жени коишто се размножуваат преку партеногенеза (асексуална репродукција). Резултатот од ова е идеален општествен поредок: нема војни, нема конфликти, нема доминација. Мајчинството е најголемата светост за жените од оваа земја и е центарот околу кој се врти нивниот свет.

...

Украдена љубов

Дача Мараини

250 мкд

152 стр., 200 х 140 мм, 2014

      Дача Мараини е најпозната италијанска писателка во светот, добитник на високи награди и кандидат за Нобеловата награда за литература. За романот „Украдена љубов“ (L’Amore rubato, 2012 год.) веднаш по објавувањето ја доби наградатa од Фондацијата Кампиело (Premio Fondazione Il Campiello). Книгата е брзо прифатена од читателите во Италија – само во првите четири недели од издавањето достигна пет изданија.

...

Свежо обоено

Јосип Млакиќ

200 мкд

164 стр., 200 х 140 мм, 2015

Награда „Владимир Назор“ 2015

      Во романот Свежо обоено Јосип Млакиќ со едноставен но ефективен и култивиран стил, го опишува тешкиот и опасен пат по кој една мајка и нејзината  шестгодишна ќерка, бегаат пеш од едно мало место за време на воените дејствија во Босна. Вооружани само со малку храна и еден пиштол, тие тргнуваат во борбата за опстанок, додека мајката хранета со неизмерната љубов кон сопственото чедо, со сета сила се труди да...

Темно, речиси ноќ

Јоана Батор

350 мкд

448 стр./ A5 формат (200 x 140), 2015

Награда НИКЕ 2013

      Прочитај извадок

     Алиција, позната новинарка, која работи за еден од најголемите весници во Варшава (главниот јунак во овој роман), се враќа до својот роден град Валбжих да направи репортажа за трите исчезнати деца.

     Краткото враќање дома во неа ќе ги разбуди старите убави, но и болни сеќавања од своето минато. Во овој град...