Алфонс де Ламартин
200 мкд
145 стр./ A5 формат (200x140)
„Грациела“ е еден од најубавите љубовни романи на романтизмот, а во многу анкети е сместуван меѓу најдобрите љубовни романи на сите времиња во светската книжевност. Тоа е роман за љубовта и меланхолијата, елегична и романтична поезија преточена во роман, со силна лирика.
Алфонс де Ламартин (1790-1869) е една од најзначајните фигури на францускиот романтизам. Француската книжевна критика го смета за еден од најголемите поети и лиричари на сите времиња на Франција. Најмаркантниот дел од неговото творештво се поемите од неговата рана творечка фаза. Познат е по елегичната поезија, а романот „Грациела“ е меѓу најчитаните негови дела.
Ламартин бил член на Француската академија на науките и уметностите, а се занимавал и со политика и бил влијателен политичар во своето време. Бил и министер за надворешни работи во Франција. Во својот политички живот учествувал во државниот удар на Наполеон Трети. Пишувал политички статии кои биле многу читани. Патувал многу, патувал и на Балканот, најмногу на Ориентот, а како резултат од тие патувања е неговата книга „Патувања на Истокот“. Неколку години бил на дипломатска служба во Италија. Искуствата од периодот од својот живот поминат во Италија ги искористил за пишувањето на романот „Грациела“. Тој е опиен од сета живописност на преубавиот медитерански амбиент и дава прекрасни описи во романот. Приказната се однесува на едно несекојдневно топло и нежно младешко пријателство, коешто го опишува како една нереализирана, но силна и чиста љубов на младата Италијанка Грациела. Тоа е главната нишка околу која го плете дејството на истоимениот роман.
„Грациела“, како и други дела на Ламартин, се базираат врз вистински настани од неговиот живот. Во приказната за нереализираната, но силна, искрена и чиста љубов на главниот лик – младата Италијанка Грациела, всушност, се искажани големата љубов и нестивнатата тага за рано починатата сопруга на авторот.
„Грациела“ првпат се објавува на македонски јазик. На македонски јазик досега беа објавени само неколку песни од Ламартин.