Македоника Литера

Забранетото краластво

Јан Јакоб Слауерхоф

200 мкд

156 стр., 200 х 140 мм, 2016

Прочитај извадок

    Авантуристичко-психолош­ки роман во кој паралелно течат две приказни: таа на португалскиот национален поет Луис де Камоиш и на безимен бродски радиооператор од 20-тиот век. Преку спој на историска хроника, фикција и личен коментар, романот ги спојува двата навидум неповрзани живота. Слауерхоф го вовлекува читателот во импресивниот свет на егзотиката, пре­давството и прогонството, каде што се соединуваат мина­тото и сегашноста, а можната смрт никогаш не е далеку.

      Со формална неконвенционалност, елиптичен, елегантен и суптилен стил во неговиот самоуверен, но приземен поетски јазик, на читателот му се прикажани возбудливи морепловски авантури и фасцинантни главни ликови со комплексен и длабок карактер.

      Јан Јакоб Слауерхоф (1898-1936) бил холандски поет, романсиер и преведувач. Се смета за еден од најзначајните писатели од холандското јазично подрачје. По завршува­ње­то на студиите по медицина во Амстердам, се вработил како бродски доктор во компанија со дејност во Индо­не­зија, која тогаш била под холандска власт. Најголемиот дел од својот возрасен живот го поминал во поморски патувања кон Азија и Далечниот Исток, како и до Латинска Америка и Африка. Во текот на 30-тите години на минатиот век, стра­дал од разни болести, кои на крајот резултираат со негова смрт во 1936 година, на 38-годишна возраст.

      Иако пишува во времето на експресионизмот, неговиот опус е пред сѐ романтичен, со силни автобиографски еле­мен­ти, незапирлива фантазија и копнеж кон далечни места, изразен преку поистоветување со скитници, истражувачи и пирати. Негови најпознати дела се...

Александар Македонски: Наследникот на власта

Нелја Гулчук

500 мкд

416 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

     Втор роман на Нелја Гулчук од трилогијата романи за Александар Македонски.

     Во овој роман авторката ја раскажува приказната за Александар и за неговото царство преку призмата на еден од неговите најблиски пријатели, војсководецот Селевк, кој подоцна бил основач и управител на истоимената царска династија на Блискиот и Средниот Исток.

     Всушност, таа раскажува за периодот на...

Дневниците од оризова хартија

Франческа Ридерк

300 мкд

206 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

 Прочитај извадок

      Книга на годината во Велс во 2014 година

    Романот е приказна за маргините на војната, базирана врз вистински доживувања. Четири испреплетени нарации го пренесуваат интимниот пустош во поединечните животи предизвикан од воениот конфликт. Пролетта 1940 година, тукушто мажената Елса Џонс им припаѓа на високите кругови во Хонг Конг, но набргу завршува во импровизиран јапонски логор за европската...

Копање

Кинан Џонс

150 мкд

144 стр./ A5 формат (200 x 140), 2016

Прочитај извадок

      Книга на годината во Велс во 2015 година.

     „Копање“ е жесток краток роман, сочинет од испреплетените приказни на ловец на јазовци и еден неутешен фармер, кои се одвиваат во сурова рурална средина каде што човекот, животното, земјата и временските услови постојано се жестоко спротивставени. Патиштата на двајцата се вкрстуваат со трагична неминовност.

...

Изгубеното момче

Томас Вулф

100 мкд.

66 стр./ A5 формат (200x140)

      „Изгубеното момче“ е автобиографска проза во која Вулф ја раскажува приказната за своето семејство и страда поради смртта на својот брат кој умира од тифус на дванаесетгодишна возраст.

      Приказната е меланхолична, се состои од четири дела, раскажана од четири лица, видена од четири агли, но со висока реторичка вештина и лирска стилска изведба. Вулф е познат по мешањето на оригинални, поетски, рапсодични и импресионистички...