Македоника Литера

ШТО САКАШ ОД МЕНЕ, ЉУБОВ?

Мануел Ривас

200 мкд.

132 стр./ A5 формат (200x140)

      Национална награда на Шпанија за литература, 1996

      Награда „Баљестер“, 1996

      Што му треба повеќе на еден човек од еден коњ, револвер и жена со име на цвеќе за да се почувствува цар – пишува Ривас, и само со една реченица како да ја опишува целата книга – еден свет од болка и љубов, видени со поглед чист како на дете а ексцентричен како на поет.

      Мануел Ривас е револуционерен автор во современата галициска литература, најпознатиот и најпреведуваниот галициски писател.

      Негова најпозната, најнаградувана и најпреведувана книга е збирката раскази „Што сакаш од мене, љубов?“. Во неа доминираат нежноста и хуморот, носталгијата и меланхолијата. Расказите се напишани со голема имагинација и поетичност, воведувајќи го читателот во пространствата на човечката фантазија кои немаат граници. Крајот на секој расказ е трескавичен поради својата невозможност која наместа е шокантна, наместа тажна, наместа прекрасна, наместа недоискажана, но секогаш е гладна за човечката имагинација – таа на читателот.

*

      „Сонувам за првата цреша на летото. Й ја давам и ја принесува до устата, ме гледа со топли очи, очи полни грев, додека го загризува меснатото од црешата. Одеднаш, ме бакнува и ми ја враќа со устата. А јас сега засекогаш станувам нејзин, семката од црешата ја меткам цел ден по клавишите заби како здивена музичка нота.

      Вечерта:

      ’Имам нешто за тебе, љубов.‘

      Ја пуштам во нејзината уста семката на првата цреша.“

      Нарачај