Томас Вулф
100 мкд.
66 стр./ A5 формат (200x140)
„Изгубеното момче“ е автобиографска проза во која Вулф ја раскажува приказната за своето семејство и страда поради смртта на својот брат кој умира од тифус на дванаесетгодишна возраст.
Приказната е меланхолична, се состои од четири дела, раскажана од четири лица, видена од четири агли, но со висока реторичка вештина и лирска стилска изведба. Вулф е познат по мешањето на оригинални, поетски, рапсодични и импресионистички стилови. Вилијам Фокнер изјавил дека Вулф бил најталентираниот автор од својата генерација. И во ова кусо дело тој го покажува своето големо раскажувачко мајсторство.