Македоника Литера

Часови на радоста

Владан Матијевиќ

150 мкд

      Ова дело на Матијевиќ, најнаградуваниот српски писател во 21 век, е лирски еротски роман – актуелен европски бестселер. Часови на радоста или Авантурите на Маца Аксентијевиќ е краток, двосмислен, провокативен витешки роман кој ги опишува љубовните и сексуалните подвизи на главниот лик Маца Аксентијевиќ.

      Со него Владан Матијевиќ уште еднаш ја потврдува својата репутација на „мајстор на шокантното раскажување“. Овој роман е преведен на француски (четири изданија), шпански, италијански и на германски јазик. Секаде наидува на големо внимание и популарност, а критиката го оценува како „необично дело со брилијантни рефлексии за животот, љубовта и оргазмот.“

      Преводот на ова дело на најдобар приеме наиде во Франција, каде што имаше високи оценки и од критиката и од читателите, но имаше одлични одгласи и во весниците:

      „Мари-Клер“: „Необично дело со брилијантни рефлексии за животот, љубовта и сексот. Во куси поглавја ги следиме сексуалните излети на словенската Лолита, илјада пати поразуздана и позабавна од својата постара набоковска сестра.“

      „Ла Либерте“: „Портрет на разјарениот и незауздан Ерос, кој не му се потчинува ниту на машкиот ниту на женскиот род.“

      „Либерасион“: „Вистинско поетско четиво... Оваа девојка е сочинета од истите нешта како и сништата. Таа ни подарува парченца вечност, се излежува, поучува, упатува, филозофира... книга чијшто вистински главен јунак е страста.“

      „Л Девоар“: „Нема ништо слично во класичната еротска литература. Колку што повеќе навлегуваме во читањето, толку повеќе се забавуваме... Сосема надреално.“

      Часови на радоста или Авантурите на Маца Аксентијевиќ е краток, двосмислен, провокативен витешки роман кој ги опишува подвизите на Маца Аксентијевиќ. Со него Владан Матијевиќ уште еднаш ја потврдува својата репутација на „мајстор на шокантното раскажување“.

      Адријана Марчетиќ (Србија):

Скокотливата тематика, „мрсниот“ јазик, описите на жесток секс без цензура и сентиментална обланда ќе го „раздрма“ и најнечувствителниот читател... Авантурите на Маца Аксентијевиќ воопшто не се сентиментални, уште помалку платонски, туку исклучиво еротски, а нејзините „витешки“ подвизи се сведуваат на бесконечни освојувања со какви што ни Казанова не би се засрамил. 

      Нарачај