Македоника Литера

Небото на паднатите

Јуриј Полјаков

250 мкд.

170 стр./ A5 формат (200x140)

      Мега-хитот Небото на паднатите е еден од најчитаните романи на Полјаков, има петнаесет изданија на руски јазик и е продаден во стотици илјади примероци. Истовремено со излегувањето на македонското издание на книгата, се снимаше втор по ред игран филм според мотивите на ова дело.

      Ликовите во романот се обични човечки грешни души на коишто авторот, со својот карактеристичен стил на пишување, им дава малку демонска, малку ангелска природа, и суптилно, но доволно храбро, ни опишува колку парите можат да ја разорат човечката душа. Љубовта помеѓу младиот бизнисмен и неговата секретарка, која авторот ја вткајува во приказната е една чудна, фатална, трагична и слепа љубов, пронижана со неверства, казнувања и меѓусебна зависност, но за денешното современо време многу реална. Сарказмот, луцидноста и ненаметливиот хумор, алузиите, богатиот јазик и комплексноста на ликовите, го прават романот повеќе од обична љубовна приказна. Тој е огледало на парадоксот на современото живеење, или како што вели самиот автор, романот претставува само еден „гротескен реализам“ („...Жената – всушност е припитомена птица грабливка. Колку зајаци ќе улови кога ќе биде пуштена на слобода, е нејзин проблем, но по првиот свиреж на господарот, таа е должна да му застане на рака, која за секој случај е заштитена со ракавица од дебела кожа. Да седи таму и да чека наредба.“)

      Јуриј Полјаков (1954) е за најпознатото име на современата руска литература – романсиер, поет, драмски автор, филмски сценарист. Неговите дела се ултра популарни, преведени на многу јазици, според кои се снимени и сè уште се снимаат филмови, и се играат претстави во театрите. Литературната критика го издвојува неговиот специфичен јазик, полн со алегории и метафори, експлицитна еротика, заситен со тенка иронија, и со ненаметлив премин во лиризам. Тој несомнено е најпопуларниот писател во Русија од поновата генерација.

      Нарачај