Македоника Литера

Нашиот човек на теренот

Роберт Перишиќ


Награда „Јутарњи лист” за најдобра прозна книга во Хрватска во 2008 година

300 мкд.

299 стр./ A5 формат (200x140)

      Најпродавана книга во Хрватска во 2008 година. Брилијантен роман кој ја промени сликата за современата хрватска книжевност. Фасцинантно духовит, амбициозен, луциден, елегантно напишан. Прилично комплексен во едноставното раскажување на сликичките од животот. Од секојдневното ништо е направено уметнички нешто.

      „Нашиот човек на теренот“ е елегантно напишан роман за современите медиуми и илузии – во потрага по среќата во него дефилираат новинари, актери, манекенки, бунтовници, телевизомани, ситни акционери, политичари... Киро Глигоров, Васил Тупурковски... и многу други познати и непознати ликови, обични и необични јунаци. Со сериозна леснотија, со луциден хумор, зафаќа современи теми и суптилна љубовна приказна. Овој роман е прилично комплексен поради едноставното раскажување на сликичките од животот. Ретко се гледа толку исполнет питорескен албум со такви сликички. Едноставно, маестрално изведен. Од секојдневното ништо е направено уметнички нешто. Треба да се прочита па да се сфати зошто во Хрватска „Нашиот човек на теренот“ е оценет како роман кој ја промени сликата за современата хрватска книжевност, дека е фасцинантно духовит, амбициозен и прониклив, зошто беше роман на годината и беше најчитана книга во Хрватска, ласкаво оценет...

      „Перишиќ напишал брилијантен роман, а некако никој не се осмелува да го каже тоа – веројатно поради неверувањето дека на 'нашиве' простори може да се случи такво нешто...“ (Андреа Миланко, Књижевна република, Загреб)

      „Еден од клучните слоеви на романот на Перишиќ е сензитивната love story, ни многу сентиментална, уште помалку цинична.“ (Теофил Панчиќ, Време, Белград)

      „Според својата темелна амбиција – навидум антиполитичка, сведена на судбината на рокерите и маргиналците – „Нашиот човек на теренот“ е политички роман par exelence.“ (Здравко Зима, Нови лист, Риека)

      „Како многу успешно треба да се истакне вештото усогласување на тематските планови: интимниот (развојот на љубовната врска), фамилијарниот (односот на престолнината и провинцијата), националниот (приватизацијата, состојбите во медиумите) и глобалниот план (војната во Ирак).“ (Саша Ќириќ, Радио Белград, Трета програма).

      „Ако Едип е типичен пример на јунак на античката трагедија, тогаш ликот на Перишиќ е најблиску до тебанскиот крал во транзиција.“ (Владимир Арсениќ, Е-новине, Белград).

      Овој вешто и елегантно напишан роман може да биде наречен роман за посткомунизмот поради неговите социјални гледишта и возбудливи елементи; прикажува некои типични карактери (ликови) и ситуации од современиот живот во посткомунистичките земји растргнати од економски проблеми, политички конфликти и социјална и етничка конфузија.

Рецензија на Илина Јакимовска, Bookbox, www.off.net.mk

      Нарачај