Јанко Полиќ Камов
300 мкд
331 стр. /A5 формат (200x140)
Јанко Полиќ Камов е хрватски писател. Декадент, егоцентрик, чудна и контроверзна личност, апокалиптичен поет, прв хрватски поет на асфалтот. Најнеобичната фигура во новата хрватска литература, авангардист пред да настапи хрватската книжевна авангарда. Неприфатен и несфатен во своето време, забрануван.
Ја оспорува традицијата, ги отвора табуата, внесува иновации во литературата. Во неговите дела има сатира, сарказам, еротизам, револт против канонскиот морал; пишува жестоко, радикално, директно и искрено. Живее слободоумно и разуздано, а неговото творештво се потпира на автобиографските елементи и на неговиот немирен дух. Допира многу табуа, како сексот, пороците, болестите, лудилото, смртта...
Најпознато дело му е романот „Исушено блато“ – своевиден интимен дневник на авторот. Слободен е во исказот и отворено и со иронија пишува за сè што го опкружува главниот лик, од општествените состојби до алкохолизмот, садизмот и инцестот. Имал голема слобода во животот, но и во пишувањето.