Македоника Литера

Војна со дождалците

Карел Чапек

250 мкд.

250 стр./ A5 формат (200x140)

      Книгата „Војна со дождалците“ Чапек ја напишал како реакција на опасноста што демнела од фашизмот (1936) и претставува предупредување од која и да е тоталитарна идеологија.

      Овој научнофантастичен и сатиричен роман е деликатесно четиво, зашто е напишан од големиот мајстор на раскажувањето, со извонредна стилска изведба и со читлива и динамична приказна. Чапек овде се покажува како врвен фантаст и сатиричар, инвентивен мистификатор и утопист, ироничен и луциден наратор, а утописката фантастика ја прави како да е дел од реалноста и секојдневјето.

      УНЕСКО овој роман го преведе на англиски јазик како дел од проектот за превод на дела од светската книжевност со голема вредност.

      Романот започнува со закотвувањето на холандскиот брод Кандонг Бандоенг на капетан Јан ван Тох на островчето Тана Маса, во близината на Суматра. Капетанот дознава дека тамошниот залив е богат со школки од кои се вадат скапоцени бисери. Сака со домородците Батаки да склучи договор за вадење на школките, но домородците не сакаат да одат да работат во тој залив, бидејќи, како што велат тие, таму има тапа – морски ѓаволи, од кои се плашат. Но капетанот открива дека тие се дождалци и ги придобива за вадење на бисери како евтина работна сила. Но тие се и интелигентни, умешно се хранат и се бранат, па почнуваат брзо да се размножуваат и се вртат против човештвото...

      Нарачај