Македоника Литера

Строго контролирани возови

Бохумил Храбал

150 мкд

      Заедно со Јарослав Хашек, Карел Чапек и Милан Кундера, Храбал е еден од најголемите чешки писа­те­ли на 20 век и еден од најголемите европски писатели во втората половина на минатиот век.

      Токму „Строго контролирани возови“ е неговото најдобро и најпознато дело, според кое чешкиот режисер Јиржи Менцел го сними истоимениот филм, кој пак во 1967 година е награден со „Оскар“ за најдобар странски филм.

      „Строго контролирани возови“ е црнохуморстична драма за младиот работник на една мала железничка станица за време на Втората светска војна, на која често минуваат строго контролирани германски возови. Главниот лик, Милош Хрма, всушност е помошник свртничар на сел­ска станица во окупирана Чехословачка, кој се обидува да се ослободи од својата невиност. Несвесен за војната и отпорот што го опкружуваат, тој оди по патот на сексуалното будење и сопственото откривање, сретну­вај­ќи се со светот на фрустрациите, еротиката и аванту­рите во депото на управата на железничката станица...

      Бохумил Храбал (1914-1997) освен романсиер е и драмски писател и поет, а бил номиниран и за Нобеловата награда во 1994 година. Добитник е на повеќе меѓуна­родни книжевни награди, но и на награди во Чешка, кои му биле доделувани во последните години од животот.

      Роден е во Брно, а израснал во Нимбурк. Дипломи­рал право на Карловиот универзитет во Прага. Во Прага живеел од доцните чети­риесетти години на 20 век. Рабо­тел како физички работ­ник во челичарница во педесеттите години. Тоа искуст­во му помогнало и го инспирирало да пишува хипер­реалис­тични текстови.

      Автор е на 35 дела. Некои од нив („Му служев на англискиот крал“, на пример) не биле обја­ве­ни во Чехословачка поради забелешките на комунистич­ката власт, сè до деведесеттите години, кога во Чешка се објавени 19 тома од неговото творештво. Делата му се преведени на триесетина јазици. Голем дел од нив се филмувани или се поставувани на театарските сцени.

      Бохумил Храбал бил голем раскажувач, а омилена кафеана која ја посетувал му била „Кај златниот тигар“ во Прага. Таму се сретнувал со Вацлав Хавел, а имал средби и со американскиот претседател Бил Клинтон и со Медлин Олбрајт.

      Умрел по падот од петти кат од болницата, додека се обидувал да ги нахрани гулабите. Во неколку негови книги се споменуваат самоубиства со скок од петти кат.

      Храбал има експресивен, визуелен стил и често ко­ристи долги реченици, нестандардно поврзувани. Него­­вото дело „Часови за танц за постари“ има само една реченица. Создава необични ликови, а многу лико­ви во неговите дела се портретирани како „паметни будали“.

      Нарачај