Македоника Литера

Човекот што ги сакаше калинките

Душко Родев
Човекот што ги сакаше калинките
Награда „Роман на годината за 2010“ на Утрински весник
200.00 ден. 


         
„Човекот што ги сакаше калинките“ е роман за љубовта и храброста, за зависта и омразата, за величината и подлоста.

Тоа е роман за судбината на кукушката чета за време на илинденскиот период и за нејзиниот војвода Крсто Асенов, за борбите и херојствата, за раздорот и поразот. Пишуван врз база на историски податоци, односно за автентичен и вистинит настан, „Човекот што ги сакаше калинките“ обилува со малку познати детали од борбите во Кукушко и Арџанскиот Ѓол, но и со вистински факти за индивидуалната судбина на војводите чиишто имиња одамна се дел од илинденските легенди. Тоа е роман за идеализмот, но и за напуштеноста и осаменоста, истовремено и за достоинството пред лицето на смртта.

 Кога беше награден со „Роман на годината“ жири-комисијата рече дека „во својот роман Душко Родев подига лирски книжевен паметник не само на една историска фигура, туку и на трагизмот на слободата во време на историски превирања“.
„Човекот што ги сакаше калинките“ е историски роман за вистински личности и автентичен настан од почетокот на 20 век. Кога познат и авторитетен македонски војвода, борец за ослободување, сака да се жени со девојка од својата чета, љубовта и за двајцата станува сурова и трагична. Страдаат поради апсурдот меѓу борбата за слобода и слободата на љубовта, поради апсурдната неспоивост на идеалот на слободата (за која се борат) и идеалот на љубовта (поради која страдаат).
Со ненаметлив, наместа бележнички и прилично економичен стил, авторот ги преточува длабоките психолошки и емотивни ерупции во стегнато четиво кое й дозволува на...

Запалка

Натали Спасова

200 мкд.

96 стр./ A5 формат (200x140)

      Оваа книга спојува неколку животни приказни на сосема обични луѓе, оние кои секојдневно ги одминувате на автобуските станици или во редовите на супермаркетите. Романот содржи приказна со неколку приказни за луѓе кои се отфрлени, онеправдани, повредени... Секој од нив раскажува со притаен гнев и револт кон општеството и спрема светот во којшто човекот живее без човечност.

      Во таков свет, нивните одлуки ја развиваат...

Сплаварот

Владимир Плавевски 
СПЛАВАРОТ
300 ден
(второ издание на „Последниот сплавар на Вардар”,финалист на Роман на годината за 2010)


„Сплаварот” е фиктивна конструкција, но се темели на вистински настани, поточно на конкретни настани и личности од првите години на дваесеттиот век.

Во овој роман авторот го воведува читателот во галерија специфични ликови и случувања од предилинденскиот период. Главните ликови се сплаварот Јован и неговиот помошник Арсение, кои плават со...

Равенска трилогија

Христо Крстевски

РАВЕНСКА ТРИЛОГИЈА
Државна награда „Мајка Тереза” 2006

200 мкд


      По неколкуте извонредни книжевни остварувања на Христо Крстевски, ова е неговото најдобро дело, во коешто го внесол сето свое книжевно искуство, сето умеење, сета своја раскошна ерудиција, сета своја енергија, сета своја сувереност во владеењето на романескниот занает...

      „Равенска трилогија“ може да се смета за најдоброто дело на Христо Крстевски, неговата лебедова песна во прозата... Во ова...

Камена веда

Стојмир Симјаноски
КАМЕНА ВЕДА
250,00 ден
       Стојмир Симјаноски е автор на многу записи, легенди, преданија и текстови на теми од фолклорот и историјата, а во тој тематско-мотивски контекст може да се смести и овој роман.

Настаните во „Камена Веда“ се лоцирани во едно необично село, не многу оддалечено од градот, но сепак зафрлено, во кое останале да живеат само жените и децата, додека пак мажите се растурени некаде низ светот. Во него се присутни само матичарот, поштарот, продавачот...