Македоника Литера

Суво мастило

Владимир Илиевски

400 ден.

320 стр. / A5 формат (200x140), 2020 г.

Прочитај извадок

    Дејството на романот „Суво мастило" на Владимир Илиевски го опфаќа бурниот период на преминот меѓу XIX и XX век и се одвива во неколку средини во Европа (Битола, Дрезден, Загреб, Софија...). Животните патишта на хрватски инженер и пронаоѓач и на македонски чорбаџиски син, студент по музика во Дрезден, се сечат во временски, просторни и судбински точки. Тие точки отвораат моќни егзистенцијални прашалници кои не се поврзани само со времето и просторот, туку се и универзални.     Авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост. Главниот лик, односно еден од трите главни лика во романот е хрватскиот пронаоѓач Едуард Пенкала, кој патентирал околу 80 пронајдоци, меѓу кои и хемискиот молив, наречен по него – пенкало. Романот се одвива на три нивоа, односно со три приказни раскажани во прво лице еднина од аспект на трите главни лика. Секоја дел е приказна за себе, но истовремено приказна која ја дополнува и приказната на другите два главни лика.
    Се добива впечаток дека секој дел може да егзистира самостојно, но ако се погледне, од аспект на затворената целина на романот, јасно се заклучува дека секој дел има јасна позиција и функција во прозната композицијата, и структурална и наративна. Иако раскажувањето е во прво лице еднина, во нарацијата се среќаваат три раскажувачки гласови. На овој начин јас-раскажувачот е разбиен на три одвоени раскажувачки потстила и секој од нив се одликува со сопствени карактеристики. Во раскажувачката постапка доминира...

Комита

Владимир Плавевски

350 мкд

Прочитај извадок

     Во романот се сместени и реални ликови и настани, кои се подлошката за динамичната фиктивна приказна, која го отсликува амбиентот на македонската мачна реалност во почетокот на 20 век. Главниот лик, комитата Лазар, својата животна кауза гордо и достоинствено ја посветува на својата животна доблест, татковината Македонија ослободена од отоманскиот петвековен јарем. Неговиот лик е граден врз реконструкција на вистински настани.

   ...

Седмиот ден

Ивица Челиковиќ

200 мкд

 

    Главниот лик, Андреј Наумовски, во малите и големите бегства од себеси и секојдневието е распнат меѓу недоразбирања, конфликти и осамености. Го измачуваат постојаните балансирања на работ на бездната во замаглениот простор, во кој напорите да се зачува интегритетот во туѓиот свет се чинат залудни, и како никогаш да не постоеле. А делумно добиваат нова насока со митовите што ги оживува Американецот Вилјам, кој, парадоксално, по игра на случајот, жали што не бил...

И чоек и пес

Владо Димовски

И чоек и пес

150 ден. 

      „И чоек и пес“ (Било – поминало... јас и Бошко Личнио) е роман за животните приказни, за апсурдите што ги носат љубовта и социјалните лавиринти. Авторот со вдахновен, поетичен и згуснат исказ ја `разголува` душата на нараторот – главниот јунак и покажува колку убавините на љубовта може да донесат неубавини.

 „Она што може да се најде на страниците на овој роман не е едноставна животна приказна, ни две приказни, ни само роман, туку...

Во очекување на Нобеловата награда

Душко Родев

200 мкд

      Ако сакате да читате квалитетна македонска литература – читајте го Душко Родев!

      Прочитајте го новиот роман на авторот на „Разговори со Дојрански“, „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“, „Човекот што ги сакаше калинките“... – авторот кој беше премолчуван и забрануван во времето на социјализмот.

      Родев е раскажувач на човекови судбини, на приказни исполнети со иронија, апсурди, етички деформации, неправди, неисполнети надежи и со тага за...