Македоника Литера

Седмиот ден

Ивица Челиковиќ

200 мкд

 

    Главниот лик, Андреј Наумовски, во малите и големите бегства од себеси и секојдневието е распнат меѓу недоразбирања, конфликти и осамености. Го измачуваат постојаните балансирања на работ на бездната во замаглениот простор, во кој напорите да се зачува интегритетот во туѓиот свет се чинат залудни, и како никогаш да не постоеле. А делумно добиваат нова насока со митовите што ги оживува Американецот Вилјам, кој, парадоксално, по игра на случајот, жали што не бил роден на Балканот...

    „Секој што заминува сака и може да се врати, без оглед во колкава мера ќе ù успее на душата да ги премине немерливите граници на животот“.

    И во овој роман авторот повторно се држи до иселеничката тема, но овојпат во една поширока рамка на идентитетски прашања.