Македоника Литера

Екот на векот

Томе Богдановски
ЕКОТ НА ВЕКОТ
(раскази) 
150 ден. 

118 стр., 200 х 140 мм, 2012

Повеќето од дваесетте раскази на Богдановски објавени во оваа книга, се веќе вреднувани низ еден објек­тивен вредносен систем – анонимниот конкурс. 

Авторот многу при­родно влегува во имагинацијата, палимпсестната конс­трук­ција и  реалното; во историското и современото темат­ско подрачје, во документаристичкиот и постмодер­ниот наративен дискурс, кој еднаш е едноставен и класично при­казничен, другпат „уверливо“ фактографски, третпат вдахновен и со лирска боја на раскажувачкиот тон. Дејството во расказите се потпира на цврста драматуршка структура; текот е динамичен или драматичен, со неочекувани пресврти, а дијалогот е одмерен и ефективен. Покрај фиктивните и ликовите „излезени“ од истори­јата или од познати книжевни дела, директни протагонисти во раскажувачкото дејство се и ликови од реалноста. Од една стра­на, се јавуваат Раскољников, Кафка, Прличев, Константин Миладинов..., а од друга Бранко Ставрев, Михаил Ренџов, Живко Чинго, Драган Даутовски...

Томе Богдановски (1938 – 1920) е поет, раскажувач, романсиер, драмски писател и учебникар. Карактеристично за овој автор е што голем дел од неговите објавени дела, пред сё расказите радиодрамите и телевизиските драми, најпрвин се наградувани или избрани на анонимни конкурси. Во македонската литература дебитирал истовремено со три книги во 1972 година: „Апокрифи“, збирка песни за возрасни, „Црвениот рид“, збирка раскази за деца и „Го барам своето јато“, збирка песни за возрасни.

Покрај нив ги објавил и: „Бисернини“, збирка песни...

Бојата на времето

Стојмир Симјаноски

350 мкд

 362 стр., 200 х 140 мм, 2011

  „Бојата на времето“ жанровски ѝ припаѓа на научната фантастика.

      Симјаноски е еден од ретките македонски писатели кој објавува дела од областа на научната фантастика, а романот „Бојата на времето“ може да се смета за неговото најквалитетно и најкомплексно структурно и тематски оформено дело од областа на овој жанр. За појдовна основа во романот Симјаноски зел една од многуте легенди за еден од најгенијалните и неповторливи...

Вистински приказни

Владимир Плавевски

150 мкд

142 стр., 200 х 140 мм, 2011  

 

  „Вистински приказни“ на македонскиот писател Владимир Плавевски содржи 14 раскази кои се однесуваат на вистински настани и вистински личности од македонскиот театар и филм: Петре Прличко, Тодор Николовски, Шишков, Бранко Гапо, Дарко Дамески, Ацо Алексов, Ненад Стојановски, Димитар Христов, Душко Костовски, Илија Милчин, Андреј Бељан, Марија Исаја, Боре Ангеловски... Секој текст е проследен и со уметничка фотографија на главниот...

Аксиос ги дели приказните

Ленче Милошевска

150 мкд

178 стр., 200 х 140 мм, 2011 

 

    Дневнички инспириран, романескно напишан Аксиос ги дели приказните на Ленче Милошевска неотстапливо потврдува: Сите ние, заедно со нас и нашите блиски, нашиот катадневен интелектуален и емотивен свет и кога сме сами, сосема сами во планините – не сме сами, му припаѓаме на светот и на времето во кои сме. (Миле Неделковски)

Измешани светови

Нове Младеновски

250 ден.
150 стр., 200 х 140 мм, 2011    

     Роман за луѓето Мн од земјата Ма на планетата Ајмез, кои се соочуваат со својот најсериозен егзистенцијален проблем – да решат дали се за преименување или за обезименување.

Трето решение нема, а се принудени на избор. Приказната се сели во зоната која веќе не е земјата Ма, туку е само сива зона... Роман на алузијата, иронијата и цинизмот.