Македоника Литера

Приказни од поранешните

Димитар Пандев

150 ден.

178 стр., 170 х 120 мм, 2008


     „Приказни од поранешните“ е составена од 13 раскази, поделени во три циклуси: „Влегување во приказните“, „Меѓу приказните“ и „Излегување од приказните“.

„Приказни од поранешните“ е мала по обем збирка составена од раскази создавани како авторска проекција на искажувањата на постари раскажувачи и од приказни кои се резултат на авторовиот животен опит и неговото набљудување на стварноста во одделни пресудни периоди од блиското минато. Во книгата се преплетуваат настани и симболи од дамнешното минато, но и од неодамна изминатите времиња. Расказите, всушност, претставуваат вовед во приказните, а приказните - поддршка на приказните, па заедно оформуваат единствена композициска целина.

Расказите на Димитар Пандев се карактеризираат со висока стилска изразност и со вдахновена и динамична нарација. Според тематската структура, стилската заокруженост и естетските квалификативи претставуваат особено значаен прилог во современата македонска раскажувачка проза и исклучителна провокација читателот. Станува збор за книга раскази која може да се смета за едно од најдобрите остварувања во раскажувачката проза во последниве години во македонската литература.