Ивица Челиковиќ
Зад источната линија
100,00 ден
Во романот се следи патешествието на главниот лик Данило Чамински низ Западна Европа, на маргините на организираната криминална дејност во емигрантското подземје, а тоа патешествие се одвива како кулминација на една животна врвица исполнета со трагична неприспособливост на човекот откорнатик од родната грутка.
Атмосферата во романот задира во некои мачни дилеми на новото време, поврзани со разнишувањето на востановените норми и конвенции. Деморализацијата, но и знаците на јакнење на националната самосвест и самодоверба, проследени со потребата од поголем оптимизам, добиваат посебна димензија кога се прекршуваат низ призмата на специфичната опстановка во македонските и воопшто во балканските емигрантски кругови.