Душко Родев
200 мкд
Ако сакате да читате квалитетна македонска литература – читајте го Душко Родев!
Прочитајте го новиот роман на авторот на „Разговори со Дојрански“, „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“, „Човекот што ги сакаше калинките“... – авторот кој беше премолчуван и забрануван во времето на социјализмот.
Родев е раскажувач на човекови судбини, на приказни исполнети со иронија, апсурди, етички деформации, неправди, неисполнети надежи и со тага за празнините во животот...
„Авторот на овој мошне интересен и убаво напишан роман, со него го заокружува својот интерес за животната судбина на Дојрански, за кого раскажуваше и во две свои претходни книги („Разговори со Дојрански“ и „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“). Со една мошне фино нијансирана иронија во кажувањето, Душко Родев во овие книги ја прикажува младата (гимназиска) генерација со нејзините мечти, но во исто време ги отсликува немилите општествени состојби во повоените години.
Времето во кое се случуваат настаните во книгава е тешкиот и темниот период на судирот на Југославија со земјите на Информбирото. Иако навидум младите ги интересира пред сè нивниот личен живот, во кој е силно присутен копнежот по љубов, во нивната секојдневност навлегуваат и прашањата од актуелната политичка ситуација.
Душко Родев со овој роман и натаму се потврдува како автор кого го интересираат особено изразито етичките прашања. Во случајов, ... со лирски интонации кои се менуваат со мачни состојби, со хумор кој поминува во иронија, со залет кон „небото“ и болно паѓање прудолу, со илузии кои прскаат како нетрајни сапунови меурчиња – доаѓаме и до нашата современост во која грдите пројави од минатото се покажуваат одново...“
Благоја Иванов