Македоника Литера

И чоек и пес

Владо Димовски

И чоек и пес

150 ден. 

      „И чоек и пес“ (Било – поминало... јас и Бошко Личнио) е роман за животните приказни, за апсурдите што ги носат љубовта и социјалните лавиринти. Авторот со вдахновен, поетичен и згуснат исказ ја `разголува` душата на нараторот – главниот јунак и покажува колку убавините на љубовта може да донесат неубавини.

 „Она што може да се најде на страниците на овој роман не е едноставна животна приказна, ни две приказни, ни само роман, туку распослана душа. Прозата на Димовски е искрена, наместа болно искрена оти болно е да им се погледне в очи на животот и вистината. А она што го чува од патетика овој роман со силен емотивен набој е иронијата. Некои романи се читаат, некои се доживуваат и се чувствуваат. Овој роман, сосема релаксиран од тенденциозните структурни егзибиции, спаѓа во редот на овие вториве.“ (Билјана Велковска, критичар, од поговорот на романот).

Оваа книга, всушност, содржи два романа и пет монолози.