Македоника Литера

Историја на Македонија

  Јан Рихлик

  Мирослав Коуба

  700 мкд

   610 стр. / А5 (200 х 143) / 2009 г.

 

   Интегрална историја на Македонија - од антиката до 2003 година. Чешки историчари - македонска историја. Како немакедонски историчари ја интерперетираат историјата на Македонија?

   „Историја на Македонија“ од д-р Јан Рихлик, редовен професор на Филозофскиот факултет на Карловиот Универзитет во Прага (автор на главниот текст) и д-р Мирослав Коуба, доцент на истиот факултет (автор на делот за историјата на културата), првично е објавена во рамките на едицијата „Историја на државите“ која ја реализира реномираната издавачка куќа Lidové noviny (Народен весник) од Прага. Taa беше објавена меѓу првите истории на државите говори за интересот на чешката јавност за нејзината историја. Пет години по нејзиното објавување тиражот беше целосно продаден.

   Во овој историографски труд се објавени и фотографии и други илустрации, а покрај основниот текст, во него, како прилози, се објавени хронолошки преглед, преглед на македонските владетели (кралеви), претседатели на држава и на влади на Р. Македонија, преглед на користената литература и извори и обемен индекс на имиња.

Соочувања

   Зоран Тодоровски

   400 мкд

   348 стр. / Б5 (240 х 170 мм)

      Оваа книга на проф. д-р Зоран Тодоровски (1950-2015), кој беше еден од најпродуктивните македонски истражувачи и автор и приредувач на голем број научни (историографски) публикации, содржи статии, пригодни текстови, научни реферати, промотивни текстови, предговори за публикации, сценарија за исто­риски документарни филмови, интервјуа и слични прилози, кои не беа објавени во посебна книга. Во некои од овие научни и...

The Creation of the Modern Macedonian State

  Владо Поповски, Ванчо Ѓорѓиев 

  Зоран Тодоровски, Виолета Ачкоска

  500 мкд

  252 стр. / Б5 (240 х 170), 2016

 

   Оваа историграфска книга е историја на македонската државност.

    Со посебен осврт на: борбата за создавање македонска држава во периодот на Источната криза, односно во периодот од Разловечкото и Македонското востание во Кресна, појавата на организираното македонско револуционерно движење, борбата за автономија на Македонија и за создавање македонска држава од 1893 до...

Книга за Македонија

  Лудвик Куба

  500 ден.

  242 стр. / A5 формат (200 x 140)

   Прочитај извадок

   Како славниот Чех Лудвик Куба (сликар, музиколог, етнолог и писател) ја запознал, истражил, нацртал, насликал и ја опишал Македонија во 1925 и 1927 година?
   Извонредни патописни и ликовни сведоштва за Скопје, Скопска Црна Гора, Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Преспа, Галичник, Смилево, Трескавец...
   Книгата „Kнига за...

Подемот и падот на кинеските династии

      Ма Сиаондонг

      200 ден.

     206 стр. / A5 формат (200 x 140) 

    Книга со приказни за кинеските кралеви, цареви, принцови и принцези   Пет илјади години кинеска историја раскажана во сто приказни. Книгата содржи сто вистински приказни за древните кинески владетели. Таа, всушност, претставува куса историја на Кина и на кинеската цивилизација, од почетоците на оваа најстара жива цивилизација па до последниот кинески цар, раскажана со едноставен и лесен стил низ...