Тахсин Узер
500 мкд
382 стр., 200 x 140 мм, 2013
Тахсин Узер бил висок османлиски управник од крајот на 19 и почетокот на 20 век, а најголем дел од својата служба ја минал во Македонија. Бил цивилен управник во Разлог, Гевгелија, Драма, Ениџе Вардар, Лерин, Солун и во многу други места.
Мемоарите нудат интересен опис на значајни настани во Македонија, пред сё во текот и по Илинденското востание, а во некои непосредно учествувал и дава детален опис на пошироката внатрешна и надворешнополитичка ситуација, во чии рамки се одвивале комитските, востаничките активности и Балканските војни, во политиката на султанот Абдулхамид, мешањето на големите сили, младотурските востанички активности, превирањата во Турција, активностите на грчките и четите на врховистичката и централистичката ВМРО...
Во Македонија бил испратен во екот на најактивните револуционерни и комитски години, вклучувајќи ги и годините на Илинденското востание. Се покажал како ревносен службеник на османлиската држава. По Првата светска војна бил прогонет на островот Малта, каде останал две години во затвор. Мемоарите ги напишал за време на тој престој во Малта, а првпат се објавени во 1979 година. Придружени се со куси редакторски забелешки на неговиот син Џелалетин Узер.