Македоника Литера

Либерализмот во Македонија (1966-1974)

Невен Радически

200 мкд 

176 стр., 200 х 140 мм, 2013

Пресметките на македонската политичка сцена кон крајот на 60-тите и во почетокот на 70-тите години на ХХ век претставувалe дел од политичките пресметки во југословенската федерација и биле рефлексија на сè поизразените национални, економски и политички разлики меѓу републиките и покраините.

За да не му бидат загрозени позициите во СКЈ, со поддршка на конзервативните кругови во Партијата, Тито ги отстранил од политиката либерално ориентираните функционери. „Гревот“ на македонските либерали бил што сè повеќе се залагале за демократизација, за развојот на Македонија и за македонските национални интереси. Судирот преминал во борба за власт, но и во лични дискредитации.