Милан Бошкоски
Скопје и скопската област од VI до крајот на XIV век
- брош 450 мкд
- тврд повез 600 мкд
Монографијата за Скопје во средниот век претставува најкомплетниот и најкомплексниот монографски труд за средновековниот период на Скопје, во кој се изнесени голем број досега необјавени податоци и сознанија за историјата на Скопје и на Македонија.
Постојат неколку историографски трудови кои опфаќаат одредени аспекти од историјата на Скопје и неколку луксузни популарни монографии од антиката до современиов период на градот, но во сите тие трудови историските податоци се одамна застарени. Со објавувањето на монографијата „Скопје и скопската област од 6 до крајот на 14 век“ (која содржи и повеќе фотографии и факсимили) се пополнува една значајна научна празнина од историјата и културата на средновековно Скопје.
Во византолошката и медиевистичката наука во светот и кај нас, досега нема исцрпен историографски труд за историјата на Скопје од 6 до крајот на 14 век. До појавата на овој монографски труд, стратегиското и геополитичкото значење на Скопје во средниот век во историографијата не било доволно проучувано.
Скопје до средниот век е во сенката на античкото Скупи како колонија на Римската Империја, стратегиски центар за одбраната на дунавскиот лимес и централниот Балкан, а од 6 до 14В век Скопје бил од особен геополитички интерес за повеќе државни формации во средниот век на кои им припаѓал или имал клучно значење за контролата на Моравско-вардарската долина и на Балканот. Тој бил значаен административен центар за Самоиловата држава, за Византиската Империја, а меѓу другите и за македонските независни кралеви Волкашин и Марко од 1369 до 1391 година, односно до паѓањето под османлиска власт.