Македоника Литера

Британски документи за историјата на Македонија

БРИТАНСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА (1901-1904)
Вовед и редакција: д-р Александар Трајановски
500 ден.

Во зборникот „Британски документи за историјата на Македонија“ (1901-1904), коиздание со Државниот архив на Република Македонија, на околу 560 страници се објавени 233 документи кои се однесуваат на илинденскиот период, односно избрани архивски материјали за најзначајните и најбурни настани од поновата историја на Македонија и македонскиот народ и воопшто од историјата на Османлиската Империја (главно европскиот дел на Турција), која и во почетокот на ХХ век с# уште се простирала на Балканскиот Полуостров.

 Селектираниот избор на дипломатските документи е направен од обемната документација донесена од Државниот архив на Велика Британија во Лондон, од фондот - Министерство за надворешни работи, која се чува во Државниот архив на Република Македонија во Скопје (ДАРМ) во микрофилмови. Со овој шести том британски документи, всушност, продолжува едицијата на архивски материјали „Британски документи за историјата на Македонија“, кои порано беа подготвувани под редакција на Христо Андонов-Полјански, во поново време на Драги Ѓоргиев, а ги објавуваше ДАРМ.

Во овој зборник на документи е опфатен периодот кога Османлиската Империја преживувала длабока општествено-економска и политичка криза како резултат на продирањето на европскиот капитал. Тоа било времето кога во Империјата владеел т. н. „крвав султан“ Абдул Хамид (1876-1909).

Во почетокот на зборникот „Британски документи за историјата на Македонија“ (1901- 1904) е сместен незначителен број избрани документи посветени на економската историја, поткрепени со статистички и табеларни показатели.

Во првиот дел од Зборникот на документи се...

Борис Сарафов - биографија

Павел Шатев
Борис Сарафов – биографија
(Материјали – том 2)
350 ден.
 

152 стр., Б5 (240 х 170)

 Личноста на Борис Сарафов во македонското револуционерно движење досега не е целосно научно проучена и валоризирана.

До Втората светска војна македонските интелектуални дејци во Бугарија, па и неговите соборци и учесници во македонското револуционерно движење, не објавија посериозен труд за улогата на Борис Сарафов во македонското дело. По Втората светска војна и македонската историографија, па и...

Спомени

Павел Шатев

600 мкд

368 стр., Б5 (240 х 170)

Павел Шатев своите спомени, под работен наслов „Од поуките во минатото учиме за чекорите во иднината“, ги напишал во затворот во Ќустендил, Бугарија, во периодот од 22 ноември 1943 до 7 мај 1944 година, во ракописен обем од 931 страница. По завршувањето на Втората светска војна се вклучува во политичкиот живот на новата македонска власт и тие остануваат без довршена авторска редакција. Тие првпат се објавени по 70 години откако се напишани и по 62...

Полициско досие

Павел Шатев

450 мкд

226 стр., Б5 (240 х 170)

Полициското досие на Павел Шатев е водено од Управата за државна безбедност на Македонија, позната како УДБА, објавено интегрално и автентично – со неговиот јазик и стил на изразување. Досието е богато со нови податоци и моменти од револуционерната, политичка и разузнавачка дејност. `Досието УДБА` опфаќа осум записници од неговите сослушувања пред иследниците на УДБА, од 7 јули 1948 до 2 август 1950 година. Во досието се вклучени уште една негова...

Записи за нацијата и државата

Павел Шатев

ЗАПИСИ ЗА НАЦИЈАТА И ДРЖАВАТА 

500 мкд 

318 стр., 240 х 170 мм, 2013

Овој том содржи над педесет текстови на Шатев, кои тематски се поврзани со суштински прашања за Македонија и состојбите со неа во периодот на дваесеттите, триесеттите и четириесеттите години на 20 век.

Една третина од статиите досега воопшто не се публикувани, а другите се објавувани во весници и во списанија во Бугарија (пред 1944 година) и во Македонија (во 1944 и 1945 година, во весникот „Нова Македонија“)...