Драган Богдановски
МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, том 1: Погледи кон историјата на Македонија
600 мкд
402 стр., Б5 (240 х 170)
Драган Богдановски (1949-1998) е еден од најистакнатите личности и најмаркантна фигура на македонската политичка емиграција и најпознатиот македонски дисидент. Тој е и публицист и новинар. Во неговото политичко досие се зачувани и неколку ракописи за историјата на македонскиот народ и два историографски романа. Ракописната оставина на Богдановски се објавува со заеднички наслов „Мојата борба за Македонија“ во пет тома и еден обемен том содржи избор на документи од неговото полициско досие.
Првиот том од ракописната оставина на Драган Богдановски, со заеднички наслов: МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, содржи еден пообемен текст за историјата на Македонија, којшто содржи 12 глави. Овој том се однесува на неговите погледи, ставови и констатации за одредени настани и личности од историјата на Македонија, стекнати, пред сè, од македонска комунистичка историографија од 60-тите и 70-тите години на 20 век. Иако е посветен на проучување и пишување на историјата на Македонија, под влијание на тогашната литература, Богдановски идеолошки ги третира македонските историски процеси и личности, подвлекувајќи го врховизмот во ВМРО и кај нејзиното раководство, но прави обемен и детален историски преглед. Историографските трудови што ги цитира се на македонските историчари Блаже Ристовски, Иван Катарџиев, Манол Пандевски, Славко Димевски и др.