Македоника Литера

Либерализмот во Македонија (1966-1974)

Невен Радически

200 мкд 

176 стр., 200 х 140 мм, 2013

Пресметките на македонската политичка сцена кон крајот на 60-тите и во почетокот на 70-тите години на ХХ век претставувалe дел од политичките пресметки во југословенската федерација и биле рефлексија на сè поизразените национални, економски и политички разлики меѓу републиките и покраините.

За да не му бидат загрозени позициите во СКЈ, со поддршка на конзервативните кругови во Партијата, Тито ги отстранил од политиката либерално ориентираните функционери. „Гревот“ на македонските либерали бил што сè повеќе се залагале за демократизација, за развојот на Македонија и за македонските национални интереси. Судирот преминал во борба за власт, но и во лични дискредитации.

МПЦ-ОА и другите помесни православни цркви

Александар Трајановски

350 мкд

348 стр. / 270 x 140

   Овој труд има монографски карактер и ја обработува историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, но истовремено тоа е труд и за историјата на православјето, односно на сите православни цркви, на кои, повеќе или помалку, авторот им посветува посебно внимание.

     Книгата, всушност, е резултат на скоро дведецениски предавања на авторот на предметот: Историја на...

Тахсин Беј ја објаснува Македонија

Тахсин Узер 

500 мкд

382 стр., 200 x 140 мм, 2013 

 Тахсин Узер бил висок османлиски управник од крајот на 19 и почетокот на 20 век, а најголем дел од својата служба ја минал во Македонија. Бил цивилен управник во Разлог, Гевгелија, Драма, Ениџе Вардар, Лерин, Солун и во многу други места.

 Мемоарите нудат интересен опис на значајни настани во Македонија, пред сё во текот и по Илинденското востание, а во некои...

Македонија – предел и култура на живеење

Леонард Шулце Јена 

630 мкд 

368 стр./ 240 x 170, 2013

Германскиот научник Леонард Шулце Јена (1872-1955) е најтемелниот истражувач на Македонија во првите децении на 20 век, а неговата книга претставува најдеталната книга досега напишана од странец за Македонија. Таа е првата вистинска научна монографија за Македонија, која пак е проучена од повеќе аспекти во својата географска и национална целина.

Иако ја истражувал...

Пере Тошев (монографија)

Михајло Миноски

500 мкд

332 стр./ 240x170

Монографијата за Пере Тошев има поднаслов „Совеста за револуционерна Македонија“ и е првата монографска публикација за него. Миноски во предговорот пишува дека „Големиот револуционер – конспиратор, еден од водачите раководители – апостолите на Македонската револуционерна организација, и по едно столетие од неговото загинување остана недоволно проучен и афирмиран онака како што заслужува“.

...