Ванчо Ѓорѓиев
500 мкд
315 стр./ 240*170
Монографијата за Апостол Петков авторот Ванчо Ѓорѓиев ја поднасловува со „Кралот на блатото“ и овој македонски војвода го претставува како бестрашен и горделив, кој иако бил неграмотен, со своите подвизи станал вистинска легенда уште за време на својот живот.
Населението во Ениџевардарско го нарекло „Ениџевардарско сонце“, а по своите епитети на автентичен и необично храбар и принципиелен војвода бил познат и во светот. „Тоа е човек за кого животот е борба, а борбата е начин на живот – пишува Ванчо Ѓорѓиев. Апостол Петков е автохтон војвода на македонското револуционерно движење и типичен пример на регионален водач со апсолутен авторитет. Неговото име приврзаниците го изговарале со восхит, а противниците со респект и страв.“