Македоника Литера

Создавањето на современата македонска држава

Владо Поповски, Ванчо Ѓорѓиев

Зоран Тодоровски, Виолета Ачкоска

300 мкд

158 стр., 240 х 170 мм, 2014

      Проф. д-р Владо Поповски пишува за борбата за создавање македонска држава во периодот на Источната криза, односно во периодот од Разловечкото и Македонското востание во Кресна па до појавата на организираното македонско револуционерно движење, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев пишува за борбата за автономија на Македонија и за создавање македонска држава од 1893 до 1912 година (до Првата балканска војна), проф. д-р Зоран Тодоровски за борбата за автономна, независна и обединета македонска држава во периодот од 1912 до 1941 година, додека пак проф. д-р Виолета Ачкоска пишува за создавањето и развојот на современата македонска држава во периодот од 1941 до 1991 година, односно до конституирањето на Република Македонија во самостојна и суверена држава.

      Книгата е збогатена и со стотина фотографии на најзначајни личности кои дале свој придонес во борбата за создавање на современа македонска држава, како и на позначајни настани во тој историски процес на македонската државност.

Македонска трагедија – прв дел

Драган Богдановски

МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, том 3: Македонска трагедија – прв дел

500 мкд

Б5 (240 х 170 мм), 440 стр., 2014 г.

Третиот том го содржи првиот од двата дела на обемниот историски роман на Драган Богдановски, со наслов „Македонска трагедија“. Во овој роман или белетризирана историја, е прикажана судбината на едно македонско семејство од едно кумановско село во периодот од 80-тите години на 19 век до забраната на ВМРО (Обединета) во 1936 година, растргнато меѓу бугарската и...

Осврти за македонската историја и политичката емиграција

Драган Богдановски

МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, том 2: Осврти за македонската историја и политичката емиграција

500 мкд

Формат: Б5 (240 х 170 мм), стр. 324, 2014 г.

 Вториот том содржи неколку историски текстови: „Историја на бугарскиот врхо­визам“, „Врховизмот вчера и денес“, „Кому­нистичката партија на Грција и македонското национално прашање“, „Македонскиот народ во Егејска Македонија во антифашистичката борба (1941-1944)“, „Народноослободителниот фронт“, „Основи на идеологијата и на...

Погледи кон историјата на Македонија

Драган Богдановски

МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, том 1: Погледи кон историјата на Македонија

500 мкд

 402 стр., Б5 (240 х 170)

Драган Богдановски (1929-1998) е еден од најистакнатите личности и најмаркантна фигура на македон­ската политичка емиграција и најпознатиот македонски дисидент. Тој е и публи­цист и новинар. Во неговото политичко досие се зачувани и неколку ракописи за историјата на македонскиот народ и два историографски романа. Ракописната оставина на Богдановски се објавува со...

Македонска трагедија – втор дел

Драган Богдановски

МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА

Том 4: „Македонска трагедија – втор дел“

500 мкд

  Б5 (240 х 170), 470 стр., 2015 г.

 

Овој том го содржи вториот дел на историско-документарниот роман на Драган Богдановски, со наслов „Македонска трагедија“.