Македоника Литера

Документи и материјали

Методија Шаторов Шарло
ДОКУМЕНТИ И МАТЕРИЈАЛИ
500,00 ден.

Книгата, која е заедничко издание на МАКЕДОНИКА и Државниот архив на Република Македонија, претставува зборник со документи и материјали создадени од Методија Шаторов – Шарло, а изборот, предговорот и редакцијата се на проф. д-р Зоран Тодоровски.

  Зборникот во обем од близу 500 страници опфаќа 105 документи, 45 материјали (реферати, прогласи и статии) и други прилози (фотографии, факсимили, полициско досие...). Најголем број од нив се наоѓаат во бугарските архиви, дел во руските и во Македонија. Најголемиот дел од документите првпат се објавуваат.

Зборникот со документи е поделен на четири глави, односно посебни тематски целини: материјали пишувани од Шаторов; писма, односно лична кореспонденција од Шаторов и до него; прогласи, декларации и повици на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, пишувани од Шаторов; и полициски документи од Досието на Шаторов, односно негово следење од бугарската полиција.

Низ презентираните документи и материјали во Зборникот се открива животот и револуционерниот пат на овој македонски комунистички деец, а особено на неговите политичко-програмски погледи и залагања во однос на слободата, државноста и националноста на Македонија и на македонскиот народ. Преку оваа пишана политичка оставина на Методија Шаторов-Шарло, читателите може да се запознаат со нови, досега непознати негови погледи, залагања и дејства во однос на македонските проблеми и потреби за посебна македонска самостојна и независна држава и во кои се расветлуваат нови моменти од неговата политичка и револуционерна активност по македонска национална линија.