Македоника Литера

Македонска судбина

Драган Богдановски

МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА

Том 5: „Македонска судбина“

500 мкд

Б5 (240 х 170 мм), 386 стр., 2015 г.

     Петтиот том „Македонска судбина“ се однесува на судбината на едно семејство во текот на Втората светска војна, од 1941 до 1945 година, а дејството се случува во истото село во Кумановско, како и во претходниот роман (т. 3 и т. 4).

 

Македонската лустрација

Предраг Димитровски

200 мкд     

234 стр., 240 х 170 мм, 2015

      Книгата е поделена во два дела – првиот насловен „Горчлива вистина“, а вториот „Лица без маски“.

      Во првиот дел авторот се осврнува на правниот, општествено-политичкиот и етичкиот аспект на македонската лустрација. Вториот дел, кој е пообемен, содржи историски документи, коментари и делови од дваесетина досиеја, кои ја потврдуваат соработката со поранешните тајни служби на поединци, кои отворено настапија против...

Христо Матов

Владо Поповски

500 мкд

300 стр./ 22 см.

      Монографијата за Христо Матов (1869-1922), кој е еден од најзначајните раководители на Внатрешната македонска револуционерна организација, е објавена во рамките на едицијата „Македонски дејци“.

      Матов заземал истакнато место во највисоките раководства на Македонската револуционерна организација. Бил првиот претседател на Скопскиот револуционерен комитет. Во Скопје ги поставил основите на М.Р.О., каде што бил и директор на Педагошкото...

Македонија - живот и предели

Група германски автори

400 мкд

267 стр. / Б5 (240 х 170), 2016      

   Оваа книга содржи текстови за Македонија од германски автори кои неа ја истражувале за време на Првата светска војна или по разни поводи потоа пишувале за Македонија. Трудовите се однесуваат на Македонија и на нејзиното население, обичаите, етно­графијата, земјата, историјата...

   Во овој зборник, меѓу другото, делумно е објавена „Етногра­фи­ја на Македонија“ (1924) на...

Моите спомени

Георги Баждаров

300 мкд

     252 стр., А5 (200 х 140), 2017 г.

Георги Баждаров (1881 – 1929) бил новинар, учител, истакнат македонски револуционер, задграничен претставник на ВМРО и теоретичар на македонската револуционерна борба. Автор е на повеќе книги за македонското револуционерно движење од илинденскиот и постилинденскиот период, а како најзначајна се издвојува книгата со неговите сеќавања, размислувања и расудувања насловена „Моите спомени“.

...