Македоника Литера

Ид его сум

Зоран Тодоровски
ID EGO SUM
(Македонски историски рефлексии)

500.00 ден.
     

480 стр., А5 (200 х 140 мм)

 Книгата претставува зборник на написи, колумни, ставови, коментари, реагирања, полемики и интервјуа, по одделни историски теми и современи политички состојби, главно, објавени во периодот од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 до 2007 година.

Тоа се размислувања и ламентирања за минатите и сегашниве македонски политички состојби во еден мошне сложен и драматичен транзиционен период на македонското политичко и државно осамостојување.
„Текстовите во книгава се своевиден одговор на пишувањата, изјавите, на исполитизираните етикетирања и неаргументираните клевети на некои македонски политичари, партиски апартчици и потпароли, новинари и колеги, а особено на дежурните критичари и сезнајковци за македонските историски теми, на  нивните бестијални, инквизиторски, оркестрирани и исконструирани етикетирања, измислици и нарачани пишувања.

Овие текстови се и мој своевиден научен капитал како историчар и  современик на актуелните македонски состојби и премрежиња, текстови и ставови коишто не робуваат на наследените историски сознанија и митови и на авторитетите на досегашните државни и партиски историчари. Тие, истовремено, се протест и апел за освестување на неосвестените,  револт против фалсификатите и злоупотребите во македонската историографија и против идеологизацијата, селективноста и конзервираните погледи и ставови за одделни настани, процеси и личности во македонската историографија. Или поточно, против сите оние кои настојуваа да ги конзервираат историските вистини и да ги попречуваат демократските процеси во нашата современа македонска држава“ – пишува д-р Зоран Тодоровски во предговорот на...

Во длабока ноќ зората се раѓа

Павле Раковски
(прв том од необјавените историографски дела на авторот со наслов „Македонците и Граѓанската војна во Грција“)
300 ден.

300 стр., 200 х 140 мм, 2011

  Павле Раковски е еден од најистакнатите и клучните личности од македонското ослободително движење во Егејска Македонија, односно од периодот на Граѓанската војна во Грција, во која беа вклучени и Македонците и врз нивниот грб се случија најголемите преломи и катастрофи во тие воени пресметки.

...

Македонија - Незгасната љубов во време без надеж

Оливера Тренчева
МАКЕДОНИЈА – НЕЗГАСНАТА ЉУБОВ ВО ВРЕМЕ БЕЗ НАДЕЖ
(Животот и делото на Константин Тренчев) 
300 ден.

Книгата на Оливера Тренчева „Македонија – незгасната желба во време без надеж“, со поднаслов: „Животот и делото на д-р Константин Тренчев“, му е посветена на еден од првите македонски доктори, хуманист, патриот и национален деец, доследен до фанатизам на идејата за остварување на македонската државност, создавање на слободна и обединета, самостојна и независна македонска држава...

Историја на Македонија

Павел Шатев
ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
(Материјали – том 1) 

600 ден.

402 стр., Б5 (240 х 170)

МАКЕДОНИКА, во копродукција со Државниот архив на Република Македонија, ја објави книгата „Историја на Македонија“ од Павел Шатев, како прв том од оставината на Шатев, чии трудови досега речиси воопшто не се објавувани во Република Македонија. Изборот и преводот е на Предраг Димитровски, кој е автор и на воведот, а стручната редакција, коментарите и предговорот се на проф. д-р Зоран...

Документи и материјали

Методија Шаторов Шарло
ДОКУМЕНТИ И МАТЕРИЈАЛИ
500,00 ден.

Книгата, која е заедничко издание на МАКЕДОНИКА и Државниот архив на Република Македонија, претставува зборник со документи и материјали создадени од Методија Шаторов – Шарло, а изборот, предговорот и редакцијата се на проф. д-р Зоран Тодоровски.

  Зборникот во обем од близу 500 страници опфаќа 105 документи, 45 материјали (реферати, прогласи и статии) и други прилози (фотографии, факсимили, полициско...