Македоника Литера

Албанскиот проблем во Југославија по Тито (1980-1990)

  Маријана Стамова

500 мкд

256 стр. / Б5 (200 х 170), 2020

Прочитај извадок

    Во оваа книга се разгледува и се оценува турбулентниот период меѓу два важни историски настана: смртта на Тито и почетокот на посттитовскиот период кога се појавија сериозни знаци на распаѓање на Југославија (растечки економски тешкотии; ослабена политичка будност итн.), и XIV вонреден конгрес на СКЈ, кога се создаваат објективни услови за реално распаѓање на државата. Во овој контекст, албанскиот фактор зазема особено важно место за иднината на југословенската федерација во судбоносните 80-ти години на минатиот век.
   Научноистражувачкиот интерес на авторката за албанскиот проблем во Југославија по смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година е мотивиран од бурните настани од тоа време согледани од историска временска дистанција.
   Маријана Стамова разгледувањето на темата на книгата го започнува со состојбите и општествениот контекст во 70-тите години на минатиот век кога почнува да се изострува албанското прашање во југословенската федерација, анализирајќи ги историските корени на овој проблем и пред сè уставното уредување на југословенската федерација. Таа детално ги согледува сите позначајни судири и манифестации на албанскиот и на српскиот национализам, дејствувањето на партиските и државните структури во Србија, покраината, федерацијата, но и нивното влијание во еден поширок контекст – во другите републики во федерацијата. Согледан и е албанскиот проблем во Македонија во тој период. Оваа студија на Стамова се потпира на богата фактографија, користена од голем број библиографски и архивски извори. Бидејќи во неа е темелно елаборирана политичката состојба на тогашна Југославија во период од една деценија во која всушност се...

Политичкото досие на Драган Богдановски, том. 6

 Драган Богдановски 

600 ден.

424 стр. / формат Б5 (240 х 170), 2021

   Во „Политичкото досие на Драган Богдановски“ (том 6 од серијата „Мојата борба за Македонија“) се објавени 132 документи од македонската служба за јавна безбедност (УДБ-а), која за него водела досие од 1952 година па до неговата смрт во 1988 година.
   Подредени по хронолошки ред според датумот на нивното настанување, избрани се само најзначајните полициски документи (службени белешки, извештаи, информации, депеши и...

Мал историски калеидоскоп

Невен Радически

200 ден.

128 стр., 200 х 140, 2023

 

„Мал историски калеидоскоп“ од Невен Радически, која претставува збирка од седум текста и два историски документа. Во нив се обработу­ваат и се разгледуваат различни прашања и теми, претежно поврзани со македонското поблиско историско минато.

Невен Радически (1979) е доктор по историски науки и работи во Институтот за национална историја во Скопје, каде што и магистрирал. Се занимава со...

Република Македонија и југословенската федерација: 1944 - 1963

Невен Радически

300 ден.

178 стр., 200 х 140 мм, 2024 г.

  Предмет на научниот интерес во овој труд претставува општествениот, политичкиот, културниот и економскиот развој на современата македонска држава во периодот меѓу 1944 и 1963 година. Првиот, наедно и најкраток период од овој временски распон, т.н. асномската фаза во развојот на македонската држава, започнува со Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) 2 август 1944 година и...

Либерализмот во Македонија (1966 – 1974)

 

 второ дополнето и проширено издание

Невен Радически

400 мкд

210 стр., 200 х 140 мм, 2025

 

 

Пресметките на македонската политичка сцена кон крајот на 60-тите и во почетокот на 70-тите години на ХХ век претставувалe дел од политичките пресметки во југословенската федерација и биле рефлексија на сè поизразените национални, економски и политички разлики меѓу републиките и покраините.

 

 За да не му бидат загрозени позициите во СКЈ, со поддршка на конзервативните...