Драган Богдановски
МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, том 3: Македонска трагедија – прв дел
450 мкд
Б5 (240 х 170 мм), 440 стр., 2014 г.
Третиот том го содржи првиот од двата дела на обемниот историски роман на Драган Богдановски, со наслов „Македонска трагедија“. Во овој роман или белетризирана историја, е прикажана судбината на едно македонско семејство од едно кумановско село во периодот од 80-тите години на 19 век до забраната на ВМРО (Обединета) во 1936 година, растргнато меѓу бугарската и српската пропаганда и нивните завојувачки политики и присутните дејства на спротивставените струи и крила на ВМРО и на нејзините дејци, револуционери и месни војводи и комити.
И во овој роман со историографска содржина и документарни елементи, има и идеолошки погледи и ставови на Богдановски, преземени од македонска историографија од 60-тите и 70-те години на 20 век, но многу пластично и сугестивно ја слика положбата на Македонецот во овој период, детерминирана од политичките ситуации кои се менуваат. И од книжевно-естетски аспект приказната е раскажана на солидно ниво, со што авторот влегува во македонските книжевни текови на 20 век.