Македоника Литера

Шаманизмот во македонската народна традиција

За нас  Ана Витанова-Рингачева

  450 мкд

  Прочитај извадок

    „Шаманизмот во македонската народна традиција“ е научен труд со повеќеслојна структура и содржина. На крајот се објавени и фолклорисички и етнографскии прилози. 
Овој труд го претставува шаманизмот како културен и религиозен феномен, во неговите основни историски и културни видови, почнувајќи од неговата генеза, па сè до неговата рефлексија врз животот на дадена зедница.


     Во заклучниот текст, авторката, меѓу другото, пишува:
„Шаманизмот како специфична техника на екстаза и магиска практика претставува мистичен феномен, кој подразбира екстатично патување на човекот-шаман во светот на духовите и способност за општење со светот на оностраното. Иако шаманизмот како религиозен феномен нема да се издигне на степен на религија, елементи од шаманското екстатично искуство се наоѓаат во основата на сите доминантни религии. Шаманзимот како архаична техника на екстатично патување е присутен како `преживелица` во македонската народна традиција. Фолклористичката и етнографската граѓа која беше предмет на анализа, само ја потврди тезата дека реликти од шаманизмот се препознаваат во многу слоеви од македонскиот обреден и приказничен фолклор. Истражувањето на шаманистичките елементи во наши локални рамки и разоткривањето на нивното директно влијание врз обичаите и верувањата кај македонскиот човек, покажа дека се работи за универзален обреден комплекс, вграден во човековото духовно искуство.“ 

    Д-р Нина Анастасова Шкрињариќ, во предговорот на книгата, меѓу другото, пишува:„Книгата претставува импозантна научно-истражувачка расправа за шаманизмот согледан какосвоевиден „културен остаток“ од првобитните култури, којшто опстојува во народната култура насовремените народи...

     Во својата богата теоретска и апликативно-аналитичка студија, д-р Ана Витанова-Рингачева докажува дека шаманизмот не е историски надминат ниту во цивилизирани околности: иако генерално им се припишува на пониските стадиуми од еволутивниот развој, оваа древна мистична практика преживеала и во цивилизираните општества каде перзистира паралелно со поразвиените религиски облици...
Витанова-Рингачева си поставува задача да ја документира и аргументира шаманската духовна практика на нашиве простори. За таа цел, таа супериорно се движи низ доменот на повеќе научни дисциплини (антропологија, компаративна митологија, историја на религии, фолклористика и етнографија), компарирајќи ги ставовите на светската наука со сопствените теренски согледувања.
     Резултатот на ваквата прилично сериозна истражувачка амбиција е овој скапоцен и редок труд кој претставува функционален спој на антрополошка и фолклористичко-етнографска научна експертиза.“